Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 1:38 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Венизелос ги подметнува Албанците за грчки цели

    Венизелос ги подметнува Албанците за грчки цели

    Грчкиот министер за надворешни работи пред француските сенатори тврдеше дека грчките позиции и тие на албанската заедница во Македонија се согласувале, дека проблемот меѓу Скопје и Софија бил поголем од тој со Атина и дека Македонците зборувале псевдојазик што Бугарите го сметале за бугарски. Од ДУИ тврдат дека нивните позиции се јавни и ги повикуваат Груевски и Самарас да најдат решение, а од МНР, пак, велат дека не било првпат некој од Атина да работел на впечаток на поделеност, како алиби за своите нелегални и недемократски наметнувања


    Работи на поделеност на македонските граѓани, како алиби за, грчките нелегални и недемократски наметнувања

    СПОРНО СВЕДОЧЕЊЕ НА ГРЧКИОТ ШЕФ НА ДИПЛОМАТИЈАТА ВО ПАРИЗ 

    Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос минатата недела зборувајќи пред францускиот сенат отвори неколку доста спорни работи во однос на проблемот за името, но и за ставовите на Атина за националниот идентитет и во односите меѓу двете најголеми етнички заедници - Македонците и Албанците. 

    Во записникот од говорот на Венизелос пред Комисијата за надворешни работи и одбрана на Горниот дом на францускиот парламент што вчера го објави Сенатот се наведува дека грчките позиции и тие на албанската заедница во Македонија со согласувале. 

    - Албанската заедница е целосно отворена, таа се согласува со нас за името, понезначајно прашање во однос на идеолошкиот и историскиот проблем - рече Венизелос.

    За потсетување, токму Венизелос лани во септември го прими лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во Атина. На средби со грчките власти беше и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, а во 2011 година мразот во посетите го скрши неговата претходничка на функцијата Теута Арифи, која се сретна со тогашниот нејзин колега Теодорос Пангалос.

    Истовремено, министрите етнички Македонци не ја поминуваат заедничката граница, а премиерот Андонис Самарас ги одбива поканите за контакти со неговиот македонски колега Никола Груевски. 

    Шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби, вчера тврдеше дека ставовите и политиките на ДУИ во врска со прашањето за името биле јавни и транспарентни каква што била и кампањата на претседателот од Вашингтон до Брисел. Груби вели дека се залагале за што е можно поскоро постигнување компромисно решение меѓу двете страни со посредство на меѓународната заедница.

    - Сметаме дека последниот предлог на посредникот Метју Нимиц што не навлегува во идентитетот и јазикот на македонската заедница и го содржи името Македонија е добра основа врз која Груевски и Самарас треба да седнат на заедничка маса и да се потрудат да постигнат компромис. Решението на овој спор придонесува кон заедничка иднина на земјата, меѓуетничките и меѓусоседските односи, стабилноста и сигурноста, но и економскиот развој - вели Груби. 

    Испревртување на реалноста 

    Од Министерството за надворешни работи велат дека не било новост некој од Атина да се обидувал да работи на впечаток на поделеност, како алиби за, како што велат, своите нелегални и недемократски наметнувања. 

    - Не е ни првпат да се подметнува дека кочничар е некоја друга земја-членка, а не таа самата. Одговорот е едноставен: нека излезе и нека каже пред Европскиот совет дека поддржува напредок со Македонија и нека ги испочитува основните правни обврски што ги прекршува. Така ќе биде јасно кој за што се залага. Во меѓувреме корисно е малку поголем ангажман околу заедничкиот европски интерес - велат од МНР. 

    Аналитичарот Алберт Муслиу, пак, смета дека грчкиот политичар преку испревртување на реалноста и дипломатска умешност ги претставува во своја корист состојбите во Македонија.


    - Албанците од Македонија си имаат свои легитимни претставници и Венизелос нема легитимитет за зборува во нивно име. Да не беше дел од спорот, односно да беше, на пример, министер од Финска, тогаш неговите изјави ќе имаа поголема тежина - вели Муслиу. 

    Инаку, спорните изјави на Венизелос се всушност одговор на прашањето од сенаторот Емери де Монтескио, за тоа какви се односите на Грција со Македонија и дали во Македонија се зборувало грчки. 
    Според министерот, големиот проблем во земјата биле односите меѓу етничките заедници а албанската заедница била значајна и 35 отсто од луѓе зборувале албански јазик. 

    - Го има исто така и псевдомакедонскиот јазик, кој според бугарската влада и бугарската научна заедница е бугарски јазик - тврди Венизелос.


    Другиот проблем, според него бил, како што вели, идеолошкиот за вештачкиот национален идентитет меѓу Скопје и Софија. Според него, проблемот што Грција го има со Македонија бил многу помал од тој што Македонија го имала со Бугарија.

    - Нашиот проблем за името е мал во споредба со големите јазични и историски прашања меѓу словенските малцинства. Никој не зборува грчки во ПЈРМ - вели шефот на дипломатијата, кој воедно е и заменик-премиер. 

    Венизелос доаѓа во Скопје

    Според поранешниот дипломат Благој Зашов, не е првпат грчки политичари да изјавуваат спорни работи за македонскиот идентитет.

    - Тоа е всушност игра на Грција, со која сака да покаже дека не е проблем само името туку земјава има и многу други проблеми и со соседите и поради тоа не можела да почне преговори за членство - вели Зашов. 

    Инаку, Венизелос, кој во Париз се сретна и со францускиот колега Лоран Фабиус, пред сенаторите рече и дека со Скопје треба да се најде компромис за деноминацијата на земјата, бидејќи повеќе територии веќе го носеле името Македонија.

    - Централна Македонија со Солун како престолнина, од каде што јас сум пратеник веќе 25 години, западна Македонија, бугарска Македонија, албанска Македонија. Ние предлагаме еден дефинитивен компромис, кој се однесува на името, за секоја употреба (ерга омнес) - рече Венизелос. 

    Шефот на грчката дипломатија овие позиции ќе може на македонските колеги во наредните неколку седмици да им ги појасни и лично бидејќи, како што јави МИА, тој ќе го посетел Скопје. Венизелос соопшти дека следните неколку седмици ќе посети пет града од Западен Балкан - Тирана, Приштина, Белград, Подгорица, Сараево и Скопје. 

    - Посетата ќе биде во својство на претседавач со Советот на ЕУ и основната причина се надлежностите на Советот за општи работи на Унијата - изјави Венизелос, но додаде и дека тоа не значи оти „прекинува" да биде заменик-претседател на грчката влада и министер за надворешни работи.

     

     
      
    Автор: Фросина Димеска
    (Нова Македонија)
    25 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 234 | Added by: Вељанко
    Total comments: 2
    2 Вељанко  
    0
    не е заговор??? е... итн...

    1 Вељанко  
    0
    Да ставам коментар? Упатените добро знаат... сепак, какви се овие позиции, и за кого работи Грција кога се работи за Македонија, спорот со името, а сега и јазикот... псевдомакедонски??? итн...

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024