Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 1:39 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ЕУ, потребен е надзор од родител или старател

    ЕУ, потребен е надзор од родител или старател

    Дента кога Хрватска го славела влезот во ЕУ, британските медиуми прашале: „Хрватска слави, дали Хрватите знаат нешто што ние не знаеме?"

    Фак! Фифи отпадна од „Икс-фактор", Бонева криела станови, на Заев не може да му се верува, Груевски знае да лобува, Саше Политико меѓу куп Бугари во Штип, Албанија се противи на проектот „Луково поле", Универзална ќе се вика Тоше, Македонија пак е делумно слободна. А? Какви теми, просто човек да не знае што попрво да фати, нели? Какви само наслови од ова можат да се извлечат, за нашите медиуми конечно да станат интересни.

    Трансфер: По „Икс-фактор", Фифи влезе во македонскиот „Икс-фајлс", наречен Собрание на Република Македонија.

    Скандал: Дали Бонева криела станови за синови или синови по станови?

    Кампања: На Заев не може да му се верува, во виното е вистината, купувајте македонски производи!

    Светско првенство во фудбал, Русија 2018 г.: Што ќе ни е Пандев, Груевски е Меси.

    Црна хроника: Кој му подметна „мара бунева" во пијачката на Саше Политико?

    Вицотека: Албанија се тресе у Луково поле!

    Геополитика: Крушево ќе се прекрсти во Тошево.

    Меѓународна политика: Македонија е целосно слободна откако престана да се занимава со „Фридом хаус" и слични невладини финансирани од странски влади.

    Сепак, мојот омилен наслов што не со појави во медиуми гласи: „Русјаков го запозна Крешимир Мишак". О да, беше тоа за мене вистинско уживање, бев со него гостин во „Миленко Неделковски шоу", присуствував на неговото предавање во Кавадарци. Нема да ви откривам детали, гледајте ја емисијата, Мишак има исклучително поучен настап. Само ќе ви откријам дека останав подзинат, оти отидов со какви-такви познавања за состојбите и начинот на функционирање на Европската Унија, а слушнав хорор-приказна. Човекот, кој долго време ја проучува самопрогласената оаза на демократијата во која сега веќе членува и неговата земја, едноставно ќе ви изнесе факти што оставаат без здив. Интересно, дента кога Хрватска го славела влезот во ЕУ, британските медиуми прашале: „Хрватска слави, дали Хрватите знаат нешто што ние не знаеме?". Луѓе мои, откако го ислушав Мишак, ЕУ ми стана како оние програми што не им се препорачуваат на малолетници. Затоа барам од Советот за радиодифузија отсега натаму, кога власта, опозицијата, експертите или новинарите зборуваат и пишуваат за ЕУ, да оди оној глас што предупредува дека потребен е надзор од родител или старател. Гледајте го Мишак и ќе ви стане јасно зошто.

    Туку, да скршнам накусо од нашиот евроатлантски курс се тресе во ладна вода и да ве прашам дали сте забележале колку често нашите политичари го користат терминот политичка волја. Ако се има политичка волја, така обично им звучи фразата што ја мантраат. Што им значи тоа, побогу? Каква е таа волја? Дали политичката волја се разликува од оваа нашава, обична волја? Има ли политичката волја врска со волјата за моќ на Ниче? Можам ли јас мојава волја да ја трампам за поличка волја? Ќе ми објасни ли некој? Ени бади?

    Мали огласи! „Менувам поолитичка волја за клозетска шолја!" Одиме понатаму! Две работи сосем ме одлепија оваа недела. Крикетот на Гркон, му заборавив име и двојазичноста на Ховит. Стоев пред телевизор и си мислев, дали тоа јас сонувам, можно ли е пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ да бидат вака сложни околу единственото прашање за кое мораат да бидат сложни? Името, се разбира. Конечно македонската позиција и опозиција му даде на некој грчки политичар малку да се нашмрка наши црвени линии. Алелуја! Е, потоа Гркот ме расположи. Им објасни на пратениците дека ако почнат муабет за името, тоа ќе било како партија крикет, можел да трае и неколку дена. Инаку, за оние што не знаат, крикет е древен грчки национален спорт, кој се состои во неколкудневно ловење штурци во чест на баснописецот Езоп, преку кој симболично се претставува басната за штурецот (Грција) и мравката (Германија). Затоа, Македонија конечно мора да престане да игра крикет со Грција околу нашето име, да баталиме да пимпламе топка со ЕУ и со НАТО и да се фатиме малку за индивидуални спортови, како самоодржливост, на пример. Затоа, давајте ваму Луково поле!

    Потоа ме развесели Ховит со двојазичноста. Искрено, јас немам никаков проблем со учење јазици, ама сакам идејата да почне од оној што ја дава. Да ни покаже прво господарот на придавките Ховит како тоа успешно функционира кај него дома, па и ние да се фатиме за истата напредна идеја. Што убаво ќе звучи, двојазична Британија. Британските деца учат урду, инаку официјален јазик на Пакистан, за да можат да се разберат со своите пакистански другарчиња, затоа што Пакистанците се голема малцинска група во Британија. Затоа кам он мајд, кам он мистер Ховит, летс лрн блади урду!

    И за крај, Водици или Богојавление. Вие следевте како се однесуваа некои учесници? Дали слоганот на Водици кај нас од следната година треба да биде нит се тера нит се води? Во Скопје не можеш да ги извадиш од вода, а треба да тргнат од брегот, во Штип оној цреп ѝ го украде крстот на девојката што го фати. А верници се нарекуваат, демек богоугодни, богобојазливи и скромни. А бе, ќе се степаат, ќе се испоудават, очи ќе си извадат, само телевизор да добијат и парите што следуваат потоа. Гледам, на вести, г.г. Стефан со крст во рака ги моли да излезат, овие два отсто не го фермаат и шлапаат во водата како копиљаци на кои им влегол шампон во очи, па се дерат и прскаат во кадата. Секако, мојот изопачен ум веднаш се јави. Фрли им фен, дедо Стефан, фрли им вклучен фен, се дереше циникот во мене. Да сум јас на негово место, следната година ќе го врзам крстот со рибарски конец и знаете што следува потоа. Го фрлам, овие рипаат, јас го повлекувам назад. Како таткото на мој пријател, кој отишол на премиера на претстава каде што глумел неговиот брат. На подарок, фрлил ружа накај братот. Овој се залетал да ја фати, ама поим немал дека е врзана со конец. Се разбира, треснал на под. 

    Бог се јави? Претплатникот не е достапен. 

    Авторот е уметник

     
      
    Автор: Александар Русјаков
    (Нова Македонија)
    25 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 231 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024