Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 1:56 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    В ЛИЦЕ ЗАР И ТИ, ЕФЕНДИ ВЕНИЗЕЛОС, ГЛЕДАШ ВО ИСТОРИЈАТА

    В ЛИЦЕ

    ЗАР И ТИ, ЕФЕНДИ ВЕНИЗЕЛОС, ГЛЕДАШ ВО ИСТОРИЈАТА
    Настапот на грчкиот министер Елефтерос Венизелос во Франција, каде што објаснувал дека нашиот проблем со Бугарија е поголем од тој што го имаме со Грција и дека јазикот ни бил псевдомакедонски, конечно ја изнесе на виделина грчката стратегија, но и бугарскиот срам. Атина во отсуство на сериозна аргументација за својата позиција сега мора да се покрива со Бугарите. Тоа очигледно може да помине во Париз, во земјата на „слободата, братството и еднаквоста". Но, ние не треба да се грижиме. Венизелос вели дека нашиот (грчко-македонскиот, н.з.) спор е мал во споредба со јазичните и со историските прашања (со Бугарија, н.з.)". А штом станува збор за историјата, тогаш тоа прашање ќе ни го решат Американците. Оти, како што пред извесно време ни кажа амбасадорот Пол Волерс овде во Скопје, не треба да гледаме наназад. И нормално, ако тоа важи за нас, сигурно уште повеќе важи за членките на НАТО, Грција и Бугарија. Односно, тие ова мора да го имаат веќе имплементирано во својата свест. Инаку, не би биле во друштво со Американците така што во овие моменти кон Атина и кон Софија сигурно патува депешата од Вашингтон, која им го вели истото. Што би значело, ако нашиот проблем, пред с`, со Грција, а потоа и со Бугарија, лежи во историјата, веќе од утре можеме да сметаме дека проблемот ќе го нема. Зар не, амбасадоре? Белки не е дозволено членки на НАТО и на ЕУ да н` напаѓаат со наводни историски аргументи, а ние да не смееме да свртиме страница од учебник по историја. 

    Друго е прашањето што Венизелос предизвика своевиден скандал нарекувајќи го нашиот јазик псевдомакедонски. Ниеден наш политичар него не го нарекол псевдогрк, сеедно што историски можеби е Турчин. Ниеден наш политичар не го навредил грчкиот народ како што тоа сега го стори Венизелос со македонскиот народ. Во ред е дека типот забегал, дека таков каков што е, во Македонија веројатно не би стигнал подалеку од комуњарски трубач по некои портали, но од друга страна, тој е на чело на великата Европска Унија. Што велат на ова другарите Баросо, Ховит и да не набројуваме понатаму? Добороседски односи? Со земја која во овој момент има министер уличен провокатор, кој сака да предизвика кафеанска тепачка? Јаки критериуми има Брисел. Амдибајрамовски. 

    Бугарите, пак, конечно дочекаа да добијат признание од својот верен сојузник. За ваков сојуз со Грците, она ВМРО од пред сто години, кое тие го сметаат за бугарско, веројатно би ја дигнало во воздух цела бугарска влада доколку не се огради од очигледно очајните обиди на Венизелос да си ги измие рацете и да ја префрли топката на друг терен. Една работа не е јасна кај бугарската политика и кај нивната неполитичка сфера, која се занимава со Македонија. На една страна, се отепаа од докажување дека имаме ист корен, а на друга, се отепаа од вршење предавства кон тие за кои тврдат дека се дел од бугарскиот народ. Одродени под влијание на Србија. Патем, истата таа Србија, која н` откинала од мајката Бугарија, завчера доби неподелена поддршка од Софија за преговорите со ЕУ. И така сега имаме ситуација во која во грчка Македонија нема останато камен на камен од тоа што Бугарите сметаат дека историски е нивно. Имаме ситуација во која помалиот дел од Македонија, овој овде, на кој Бугарите исто така историски полагаат право, според Софија, бил одроден поради српската политика. И имаме ситуација во која Грците и Србите се верен сојузник и пријател на Бугарија, а за главен непријател на бугарскиот народ се смета Македонија. Земјата во која Бугарите имаат слобода на изјаснување, во која им се чуваат гробовите, во која можат слободно да полагаат цвеќе на кој било историски датум и споменик. Што мислите, како се нарекува таа позиција? Пријателска или предавничка? Нам ни е јасно дека Грците, сеедно на економските проблеми, може и да поткупуваат, дека имаат влијание, па може да им се најдат на Бугарите, но до толку да се немало, макар основен принцип, е срамно. Небаре некој овде бара Бугарија воено да ја нападне Грција. 

    Но да се вратиме на нашите драги пријатели од Грција. Kако и да ја свртите, на крајот повторно доаѓаме до тоа дека проблемот не е во некојси таму Венизелос или Самарас. Проблемот е во Брисел, Берлин, Париз, Лондон и во Вашингтон. С` додека грчката политика како класичен пример за отпадок од човечките цивилизациски вредности добива поддршка од овие центри или не наиде на отворено спротивставување од овие центри, проблемот нема да се реши на разумен начин оти е поставен на криви основи. Впрочем, да беше поинаку, проблемот немаше ни да постои. А такви потрчковци, како протагонистите на грчката политика во самата Македонија или носителите на слугинската улога во Софија, Атина секогаш ќе најде.

    Дарко ЈАНЕВСКИ

    (Дневник)

    25 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 199 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024