20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Русија
Вo понеделник во хотелот „Александар палас" во Скопје амбасадорот на Руската Федерација Олег Шчербак и министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Поповски ќе приредат свечен прием по повод 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, со учество на македонскиот дражвен врв.
Руската Федерација меѓу првите ја призна Република Македонија како суверена и независна држава под нејзиното уставно име, и тоа на 4 август 1992 година. Дипломатските односи меѓу двете земји се воспоставени на ниво на амбасадори на 31 јануари 1994 година.
Од 6 октомври 1994 година во Скопје функционира амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.
На 27 јануари 1998 година претседателите на Руската Федерација и на Република Македонија ја потпишаа Декларацијата за соработка и пријателство меѓу двете држави.
Во изминатите 20 години двете земји потпишаа над 60 билатерални договори, меѓу кои 30 меѓувладини и 25 меѓуресорски спогодби.
(МКД)
25 јануари 2014