Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-11-22, 10:51 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    БРЕГАЛНИЧKАТА ЕПАРХИЈА И ШТИПСKАТА ОПШТИНА ИМ ПОМАГААТ НА СОЦИЈАЛЦИТЕ ЦЕЛ МЕСЕЦ СПИЕВ ВО СТАР АВТОМОБИЛ, ВО ЦРКОВНИТЕ КОНАЦИ НАЈДОВ ТОПЛО ЗАСОЛНИШТЕ (1дел)

    БРЕГАЛНИЧKАТА ЕПАРХИЈА И ШТИПСKАТА ОПШТИНА ИМ ПОМАГААТ НА СОЦИЈАЛЦИТЕ

    ЦЕЛ МЕСЕЦ СПИЕВ ВО СТАР АВТОМОБИЛ, ВО ЦРКОВНИТЕ КОНАЦИ НАЈДОВ ТОПЛО ЗАСОЛНИШТЕ

    Животот носи и убави и лоши работи, и радости и тага, а кога ти е најтешко, најважно е некој да ти помогне.

    Нам во овие тешки денови ни помогнаа општината и црквата, да најдеме покрив над глава, да обезбедиме минимум услови за живот, раскажуваат луѓето што пред неколку месеци се сместиле во манастирот „Света Недела" на периферијата од Штип.

    Ги има петмина. Еден самец, брачна двојка пензионери и мајка и син. Живеат во посебни простории во манастирските конаци, кои се во изградба. Секој си има своја приказна како останал без дом и без доволно средства за живот. 

    „Немаше каде да одам"

    Некои за својата судбина сакаат да зборуваат, други не. Мирко Милосавлевиќ е познат во градот, зашто до пред една деценија беше продавач во киосци во центарот на Штип.

    - Пред десет години останав без работа. Многу пријатели ми откажаа. Се снаоѓав некако, буквално се борев за живот. Така беше до пред две години, кога срцето ми попушти, па останав без каква било егзистенција, а не можам ништо ни да работам. Требаше да се лекувам, а немав ни здравствени картони ни пари. Пред неколку месеци две седмици бев во болница. Kога излегов, немаше каде да одам, каде да живеам, да спијам. Еден пријател ми го отстапи својот стар и неисправен автомобил. Дури 25 дена во него, на улица, ноќевав и живеев - раскажува Мирко. 

    Kога се слушна дека ноќева во автомобил, црквата и локалната самоуправа пред два и пол месеца го сместија во манастирот, каде што има просторија, обезбеден огрев и струја.

    - Им благодарам што во најтешките денови ми обезбедија покрив над главата. Немав никакви средства за егзистенција, па градоначалникот дозволи овде, во манастирот, да дојде и мојата мајка, која прима минимална пензија, па некако преживуваме. Овде сите живееме сложно, како едно семејство. Се грижиме за манастирот и сè што имаме делиме. Се надевам и оти ќе се најде начин за лекување, пак да бидам здрав и способен за работа - вели Мирко. 

    Неговата мајка, Гордана Милосавлевиќ (74), истакнува дека во животот видела и преживеала многу убави, но и многу лоши работи, а во овие тешки времиња најважно ~ било да биде со синот. 

    - Моето помина, сега во мислата ми е само како синот да ми се излекува, пак да излезе на вистинскиот пат и да може да се грижи за својата егзистенција - вели Гордана. 

    Место и за други што бараат помош

    Обврска на засега петтемина станари е да се грижат и да го чуваат манастирот. Со нив речиси по цело деноноќие е и Јордан Давчев, чувар на манастирот, кој е вработен со договор во локалната самоуправа. 

    - Јас сум овде десет месеци. Живеам на 500 метри одовде, но почесто сум во манастирот отколку дома. Овде и ноќевам. Првите станари во манастирот - двајцата сопружници-пензионери, дојдоа пред половина година. Тие се како домаќини. Наутро ќе изметат и ќе исчистат околу манастирот. По нив дојдоа Трајче, кој нема родители и семејство, и Мирко, а потоа и неговата мајка. Трајче ми помага во одржувањето на манастирот, а Мирко, бидејќи има проблеми со здравјето, не е многу за работа, но често во градот обезбедува по некоја донација, која другарски се дели меѓу станарите. Општината понекогаш носи брашно или други прехранбени продукти, црквата постелнина... Сложни се луѓето во овие тешки мигови и живеат како едно семејство - истакнува Давчев. 

    Архијерејскиот намесник Николче Ѓоргев, кој е и старешина на манастирот „Света Недела", нагласува дека основна цел на црквата е да се грижи за сиромашните и за ранливите групи луѓе и оти ова било само една од тие активности.

    - Во соработка со локалната самоуправа и со градоначалникот ги згриживме овие луѓе. Но, овде нема да застанеме. Новите конаци треба комплетно да се завршат, а има и стара зграда за реновирање, со што ќе се создадат услови да се згрижат повеќе семејства или поединци од ранливите групи луѓе. Во манастирот засега нема калуѓери, но ќе ги има, а наскоро треба да има и богослужби - вели отец Ѓоргев.


    Rating: 0.0/0
    Views: 195 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024