БРЕГАЛНИЧKАТА ЕПАРХИЈА И ШТИПСKАТА ОПШТИНА ИМ ПОМАГААТ НА СОЦИЈАЛЦИТЕ
ЦЕЛ МЕСЕЦ СПИЕВ ВО СТАР АВТОМОБИЛ, ВО ЦРКОВНИТЕ КОНАЦИ НАЈДОВ ТОПЛО ЗАСОЛНИШТЕ
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗАХАРИЕВ: САКАМЕ ДА ОПРЕМИМЕ ДВАЕСЕТИНА ПРОСТОРИИ
Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, нагласува дека локалната самоуправа и во иднина ќе ја плаќала потрошената електрична енергија, ќе обезбедува дрва за огрев и повремено ќе носи прехранбени продукти за станарите, а нивна единствена обврска и понатаму ќе биде да се грижат и да го чуваат манастирот.
- И понатаму ќе се ангажирам за доопремување на конаците на „Света Недела", што подразбира градежно заокружување на десетината простории и нивно опремување со мебел, со друга покуќнина и апарати. Треба за секое семејство или поединец да има кујна и соба за дневен престој. За нас е најважно на луѓето што се на мака и имаат потреба од обезбедување покрив над глава да им се помогне обезбедувајќи им сместување додека да се снајдат - истакнува Захариев.
ВЛАДИКАТА ИЛАРИОН: ЌЕ ПОМАГАМЕ НА СЕКОЈ НАЧИН
- Ќе помагаме колку што можеме и на секој начин. Овие луѓе се во незавидна ситуација и сметам дека на овој начин им се намалени животните проблеми. Инаку, ние сакаме и на други начини да им помогнеме на граѓаните. Веќе донесовме одлука за бесплатно крштевање на второ, трето и на други деца на граѓаните во нашите храмови - ни рече брегалничкиот владика Иларион.
Љупчо Шатевски
(Дневник)
26 јануари 2014