Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-12-28, 5:48 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЕУ, ОН, МАКЕДОНСКАТА И СВЕТСКАТА ЈАВНОСТ Ќе дозволиме ли лицето на фашизмот да дојде во Македонија?

    ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЕУ, ОН, МАКЕДОНСКАТА И СВЕТСКАТА ЈАВНОСТ

    Ќе дозволиме ли лицето на фашизмот да дојде во Македонија?

    Република Грција како претседавач има обврска да ја претставува ЕУ, но таа преку својот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос, веднаш почна приватна фашизоидна офанзива против Република Македонија на која уште од нејзиното осамостојување и наметна апсурден спор за името и идентитетот, пишува во писмото на Македонски манифест.

    Грција, земја со моќна фашистичка партија, економска криза што ја создаде со лажирање на финансиски податоци за која денес плаќаат сите даночни обврзници на Европската Унија на која стана членка неисполнувајќи ниту еден критериум што важи за секоја друга држава, во 2014 година го започна своето претседавање со унијата.

    Сакаме да ја предупредиме домашната и светска јавност, ЕУ и ОН дека Грција шири опасни идеи затскриени зад свилените ракавици на дипломатијата. Со преземање на претседателството на ЕУ, Република Грција ја започна својата валкана фашистичка кампања врз нас Македонците која има намера, преку ширење невистини, да уништи цел еден народ кој опстојува со векови.

    Република Грција како претседавач има обврска да ја претставува ЕУ, но таа преку својот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос, веднаш почна приватна фашизоидна офанзива против Република Македонија на која уште од нејзиното осамостојување и наметна апсурден спор за името и идентитетот. Наместо Грција да ја одработи својата обврска кон оние што ги претставува, таа тргна во приватна војна против нашата земја. Еве што Венизелос зборуваше пред францускиот сенат, злоупотребувајќи ја функцијата, претседавач на ЕУ:

    1.Македонија не ги исполнува копенхашките критериуми

    Лага! Грција нема право да зборува за копенхашки критериуми, затоа што, за разлика од Македонија, самата не ги исполнува, особено во поглед на малцинските права. Не почитува ниту договори потпишани со други држави, како Времената спогодба со Македонија. Не ги почитува одлуките на Меѓународниот суд на правдата на ОН, ниту ја има потпишано Повелбата за човекови права. Со кое лице тогаш Грција преку Венизелос од францускиот сенат посочува прст кон Македонија и ја злоупотребува својата позиција на моќ кога не почитува ниту еден меѓународен договор?

    2. Венизелос побара деноминација на Македонија

    Грција ја злоупотребува својата претседавачка функција сè со цел да ја обезимени и идентитетски да ја уништи Македонија. Веќе долго време Грците лажат дека терминот „Македонија" во името на нашата држава е маѓународен безбедносен проблем. Оваа ноторна лага ја поткрепуваат со смешни аргументи дека постои регион Македонија во Грција, а тоа за нив значи дека Република Македонија ќе се обиде да го припои грчкиот регион што е апсурдно и смешно, затоа што реалноста го говори спротивното. Македонците не само што немаат намера да ја загорзат националната безбедност на соседот, туку секоја година како туристи ја преплавуваат Грција и внесуваат стотици милиони евра во нивната економија доведена до дното заради нивните финансиски манипулации. Голем дел од овие македонски туристи се напаѓани и малтретирани од членовите на „Златна зора".

    3. Македонскиот е вештачки национален идентитет, а јазикот псевдомакедонски

    Република Грција преку својот министер Венизелос, веднаш започна својата функција да ја злоупотребува за приватна фашистичка кампања. Имено, македонскиот народ, јазик и идентитет се признати и запишани во Обединетите нации уште во 1947 година, а со тоа меѓународно признати. Ширум светот постојат катедри за изучување на македонски јазик. Кој им дава право на Грците да бришат нации, поништуваат меѓународни одлуки и шират нацистичка пропаганда спрема еден народ? Ќе реагира ли на ваквата злоупотреба Франција, ЕУ и ОН? Едно е кога Грција приватно манипулира со унијата и светот, тоа постојано го прави политички и економски, но како смее да ја злоупотреби функцијата што и е доделена, оти вака излегува дека ова се официјални ставови на ЕУ, бидејќи Венизелос сега зборува во име на Брисел, а не на Атина?

    4. Има 35% Албанци во Македонија и тие како малцинство прифаќаат промена на македонското име и идентитет

    Ова е најопасната теза изнесена од Венизелос пред францускиот сенат, безобразна лага врзана за проценти, зашто бројките од последниот попис во Македонија говорат нешто друго и тоа секој може да го провери. Кога Венизелос веќе се расфрла со проценти, нека каже колку Албанци, Македонци и Турци кои не се признати, живеат во Грција. Но, тоа и не е толку важно земајќи ги предвид постојаните грчки манипулации со бројки во нивните финансиски извештаи испраќани до Брисел кои доведоа до грчки економски колапс и должничка криза во ЕУ. Опасното е во обидот на Грција преку албанското малцинство да предизвика меѓунационален конфликт, знаејќи колкава е нервозата кај Македонците од постојаните обиди на Грција и Бугарија за нивно обезличување. Грчката пропаганда се обидува преку Албанците во Македонија да предизвика конфликт, злоупотребувајќи ја желбата на албанското малцинство за евроинтегрирање, но и непопустливоста на еден народ да биде идентитетски укинат за сметка на истото тоа инегрирање. Затоа, Македонија мора да го алармира Советот за безбедност на ОН дека всушност Грција е безбедносен проблем. Лицемерството е во тоа што Грција ги подбуцнува Албанците во Македонија, но во своите граници не ги признава за малцинство. Во Грција, Македонците и Албанците заеднички се борат за она што им следува според копенхашките критериуми, за основни човекови права кои им се забранети.

    За крај, сакаме да ја предупредиме Македонија дека Грција како претседавач на ЕУ, преку својот министер Венизелос, има обврска да ја посети нашата престолнина како земја аспирант за влез во унијата. Ќе дозволи ли македонската држава лицето на фашизмот да застане пред македонското демократско собрание?

    Македонски манифест

       (МКД)

        26 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 207 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024