Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-12-28, 6:16 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Кој рече дека нема жена кандидат за претседател на државата? Ванковска ја најави можната кандидатура

    Кој рече дека нема жена кандидат за претседател на државата? Ванковска ја најави можната кандидатура

    Професорката Билјана Ванковска преку социјалната мрежа Фејсбук се обидува да го детектира јавното мислење за евентуалната нејзина кандидатура на претседателските избори кои ќе се одржат пролетва. За само еден час нејзината интерна анкета веќе собра 500 лајка.

    Ванковска на својот фејсбук-профил сака да го провери јавното мислење за евентуалната нејзина кандидатура. Професорката вели дека ако добие повеќе од 2.000 лајка, тогаш сериозно ќе размисли за тоа да ја почне кампањата за собирање на 10 илјади потписи како независен кандидат.

    Во изјавата за МКД.мк Ванковска вели дека на овој потег се решила испровоцирана од дебатата која се води на социјалните мрежи во врска со општото незадоволство од политичката состојба, негативната кампања која ја водат партиите, нетранспарентноста во врска со претседателските кандидати и византиските играрии внатре во партиите и меѓу нив (околу консенсуален кандидат).

    „Како политиколог одлучив да испробам една хипотеза. Мислев дека е невозможно да се добие висока поддршка (т.н. лајкови) во бројка од 2000. Тој потег го сметав за фрлање ракавица кон сите кои се жалат и критикуваат, особено пак дека нема ниту една жена можен кандидат. На мое огромно изненадување, за еден час добив околу 500 лајкови, а и медиумите се раздвижија и почнаа да бараат изјави. Без оглед на мојата поддршка, односно углед кој го уживам во јавноста, доволно сум свесна дека постои огромна ралика помеѓу виртуелен активизам и „лајкување" пред компјутер и вистинско собирање 10,000 потписи на терен. Тоа лошо искуство веќе го доживеа Слаѓана Тасева на минатите избори, кога се соочи дури и со саботажа на процесот. Жално е што дури и претседателските избори, каде би требале да одлучуваат личните квалитети на кандидатите, се „окупирани" и задушени од партиските машинерии, па неопределените фактички и не можат да добијат можност да имаат сериозен кандидат во битката", вели Ванковска.

        (МКД)

         26 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 209 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024