Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-12-28, 5:57 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    СРЕДБА ГРУЕВСКИ –ДАЧИЌ Пријателските односи меѓу Македонија и Србија се потенцијал што треба да се надоградува

    СРЕДБА ГРУЕВСКИ –ДАЧИЌ

    Пријателските односи меѓу Македонија и Србија се потенцијал што треба да се надоградува

    Македонскиот и српскиот премиер, Никола Груевски и Ивица Дачиќ на денешната средба се согласија дека динамизирањето на контактите ќе придонесе за соработка на различни полиња и реализација на конкретни проекти, а со цел заедничко напредување на перспективата на целиот регион, особено кон исполнување на стратешката цел за европска интеграција, информираа од секторот за односи со јавност при Владата на Република Македонија.

    Премиерот Груевски истакнал дека заедничката посветеност кон реализација на стратешките цели и економскиот развој отвора нови перспективи и овозможува помирување и затворање на отворените прашања од минатото во целиот регион.

    Во соопштението се вели дека успешната регионална соработка која може да се забележи на повеќе конкретни полиња и, пред сѐ, манифестирањето на добра политичка волја од двете страни е уште една потврда за развојот на односите меѓу двете држави и прифаќањето на европските вредности.

     Македонскиот премиер потенцирал дека двете држави имаат интерес и можности за искористување на потенцијалите во повеќе сфери од заеднички интерес, како што е економијата, особено инвестициите и развојот на трговската размена, претприемништвото, прекуграничната соработка и културата.

    „Истовремено, може да се најде и заеднички интерес во неколку значајни проекти од инфраструктурен карактер кои би придонеле за интензивирање на соработката", се истакнува во соопштението на Владата.

    Во поглед на потенцијалите за развој на меѓусебната соработка, премиерот Груевски истакнал дека српската заедница, како досега, така и во наредниот период има свој активен придонес во почитувањето и ширењето на ваквите вредности и цели.

    Според Дачиќ, постојат добри примери и мерки кои се применуваат во Република Македонија и значително искуство, кои може да се искористат и применат во други полиња надвор од државата. Тој посочил дека разговорите за повеќе проекти од заеднички интерес покажуваат оти и натаму сме приврзани за унапредување на билатералните односи на сите нивоа.

    „Соговорниците се согласија дека добрите политички односи кои постојат меѓу државите треба да се интензивираат и развиваат на секое ниво, преку промоција на заедничките сфери на интерес кои ќе донесат напредок на заемните односи меѓу државите", информираше владината прес-служба.

        (МКД)

        26 јануари 2014


     


    Rating: 0.0/0
    Views: 205 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024