Одлични пријателски односи, Србија никогаш нема да ја изневери Македонија, економската соработка мора да се развива... ова се дел од заклучоците по денешната средба на премиерите на Македонија и Србија, Никола Груевски и Ивица Дачиќ. Сепак, како дел од проблемите меѓу двете земји не беа заборавени и непризнавањето на автокефалноста на МПЦ од страна на СПЦ и признавањето на независноста на Косово од страна на Македонија.
И покрај се, останува впечатокот дека двајцата премиери многу повеќе сакаа да зборуваат за она што треба да се направи во правец на унапредување на економските односи, отколку за проблемите.
http://www.mkd.mk/93673/foto-video-galerija/dacic-na-gosti-kaj-gruevski-srbija-nema-nikogash-da-ja-izneveri-makedonija#1expanded
(МКД)
26 јануари 2014