Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 5:25 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Македонско-руските односи во духот на новото време и на ерата на глобализацијата (1дел)

    Македонско-руските односи во духот на новото време и на ерата на глобализацијата

    Можеби изминатите 20 години не се време со спектакуларни историски димензии, но се период врз кој можат да се фрлат релевантни погледи на тоа што се случуваше во почетокот и кои беа првите чекори на двете суверени земји, со многу заеднички обележја и испреплетено историско минато

    И оваа влада продолжува со соработката

    ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ

    Воспоставувањето меѓудржавни дипломатски односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација бележи дваесет години. Две суверени држави кон крајот на дваесеттиот век на релативно мирен начин направија премин, не само од исто идеолошки анахроно комунистичко општествено уредување туку и од две идентични федерални социјалистички државни заедници, Советскиот Сојуз односно СР Југославија - творби од минатите времиња што не можеа да го издржат предизвикот на новото време и 21 век.
    На тој нов пат и Русија и Македонија, се разбира секоја со своите специфики, во текот на дводецениското постоење, поминаа тежок транзициски период исполнет со многу тешкотии и предизвици, како на внатрешнополитички и социјално-економски, така и на надворешнополитички план. Длабоките резови што неминовно беше потребно да се направат во почетокот, тогашните раководства на двете земји ги ставија пред тежок избор на примена на болни. Во секој случај тоа беа неопходни политички, општествени, стопански, социјални и други реформи и мерки, чии придобивки, но и последици, народите на двете земји трпеливо и достоинствено ги понесоа на своите плеќи. 

    Можеби изминатите 20 години не се време со спектакуларни историски димензии, но се период врз кој може да се фрлат релевантни погледи на тоа што се случуваше во почетокот и кои беа првите чекори на двете суверени земји, со многу заеднички обележја и испреплетено историско минато. Едната голема и силна (воено и економски), другата мала, економски слаба и, што е многу поважно, меѓународно-политички докрај сѐ уште непризнаена. 

    Во тој поглед не би требало да постои никакво сомневање дека од руска страна конечно е ставен крај на заблудите од минатото што се однесуваат на дел од македонската историја, што секако ќе остане забележано само во архивите на минатите времиња. Новите времиња бараат и нови навики и ново однесување. 

    ПРАВИЛНА ПОЛИТИКА

    Токму руско-македонските посткомунистички односи може да послужат како пример за коректна и меѓународно легитимна и правилна политика на меѓусебно почитување, немешање во внатрешните работи и заемна соработка на две пријателски земји, според теркот и духот на новото време и на ерата на глобализацијата. Несомнено, овој период од две децении беше исполнет со значајни историски настани во двете земји. Имаше и мошне драматични случувања, кои макотрпно го трасираа патот за создавање на двата нови државни субјекта, Република Македонија и Руската Федерација, речиси едновремено. 
    Независно од сопствените проблеми и тешкотии, раководството на новата руска држава во континуитет ги следеше состојбата во Македонија и дејствата што тогашното македонско раководство ги преземаше за меѓународно признавање на државата, особено по наметнатиот проблем во ООН од страна на Република Грција, со неприфаќањето на уставното име на новата македонска држава. Во овој период мошне значајна беше руската еднодушна меѓународна поддршка на Република Македонија, како од голема земја, воена сила, но и како од членка на ООН и постојан член на Советот за безбедност.    

    Кон крајот на мај 1992 година во Македонија во официјална посета допатува тогашниот министер за надворешни работи на Руската Федерација, Андреј Козирев, прва посета на такво високо државно ниво по конституирањето на двете земји. Тогаш тој отворено ја најави руската намера за скорашно официјално признавање на независна и суверена Република Македонија од страна на Руската Федерација под нејзиното уставно име. И покрај овие несомнени назнаки за поддршка на Македонија од официјална Москва, тогашното македонско државно раководство преземаше и други дополнителни чекори за обезбедување целосна лојалност на Кремљ во однос на прашањето на македонската државност и уставното име на земјата. На еден поширок фронт, и по повеќе линии и во разни пригоди, детално беа елаборирани меѓународните позиции на Македонија и јавно беше барана меѓународна поддршка од страна на Владата на Руската Федерација, како и на владите од државите што произлегоа од поранешниот Советски Сојуз, што постепено и се случуваше. 




     
     
    Rating: 0.0/0
    Views: 214 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024