Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-11-22, 10:35 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Македонско-руските односи во духот на новото време и на ерата на глобализацијата (2дел)

    Македонско-руските односи во духот на новото време и на ерата на глобализацијата


    ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА

    Како резултат на сите овие активности, со вообичаената размена на дипломатски ноти на 28 односно на 31 јануари 1994 година заемно и едновремено конечно се воспоставени и дипломатските односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија, врз основа на соодветната Виенска конвенција, легитимно и според вообичаените дипломатски норми и меѓународни правила. Не за долго, привремените претставништва во Москва и во Скопје прераснаа во ранг на амбасади. За прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација беше назначен академикот Гане Тодоровски, а за вршител на работите на руската амбасада во Скопје Јуриј Петрович Трушин.

    Особен белег во натамошната македонско-руска соработка и односи ќе им дадат, меѓу другото, и размената на првите државни посети на делегации и средбите на високи државни раководители на двете земји. За изминатите 20 години се остварени повеќе значајни, официјални, работни и протоколарни средби на министрите за надворешни работи, за економија, култура, внатрешни работи и други, во функција на подобрување и унапредување на нивото на вкупната билатерална соработка. Меѓудржавната руско-македонска мешана комисија за економска соработка редовно ги одржуваше своите заседанија, наизменично во Москва и во Скопје. Нормативноправната и конзуларна регулатива ја прават над триесетина потпишани и ратификувани меѓудржавни спогодби, договори, протоколи и уредби. Редовната конзуларна соработка се одвива успешно, а меѓу двете земји постои либерализирана визна размена. 
    Економската соработка и трговската размена од година на година се подобруваат и се зголемуваат. 
    Инвестирањето на руски фирми во земјава од ден на ден се интензивира, а нагорен тренд бележи и македонскиот извоз во Руската Федерација. Полека, но константно се надминуваат постојните слабости во економската соработка и сѐ уште неискористени можности, кои објективно постојат. 

    СРЕДБИ ГЛИГОРОВ - ЈЕЛЦИН
     
    Драгоцен придонес за вкупниот развој на руско-македонските односи даваат и средбите на највисоко државно ниво. Првиот македонски претседател Киро Глигоров, по покана на поранешниот руски претседател Борис Јелцин, официјално ја посети Москва првпат на 10 мај 1995 година, по повод одржувањето на големата прослава на 50-годишнината од победата над фашизмот. Вторпат Глигоров официјално во Москва престојуваше кон крајот на јануари 1998 година, кога со Борис Јелцин ја потпиша заедничката декларација за пријателство и соработка меѓу Русија и Македонија. По тој повод во Москва престојуваше и многубројна делегација на Стопанската комора на Македонија, со околу 50 стопанственици, кои со претставници на Руската федерална комора ги утврдуваа можностите и модалитетите за развој на економската и трговската соработка меѓу двете земји. Исто така и поранешниот македонски претседател Борис Трајковски за време на својот мандат имаше официјални и ад хок средби со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. За Македонија особено беше важна нивната средба во Киев, Украина, во времето по воената криза во Македонија во 2001 година. Тогаш Путин изрази целосна поддршка и понуди воена и друга помош за решавање на воената криза во нашата земја.

    Кон овие средби треба да се додаде и официјалната посета на поранешниот премиер на Република Македонија, Бранко Црвенковски што во 2003 година ја оствари во Русија, кога меѓу другите државни прашања беше разгледуван и проблемот на Македонската православна црква и нејзините преговори со Српската православна црква за признавање на нејзината автокефалност со посредство на Руската православна црква и сега веќе покојниот патријарх московски и на цела Русија, Алексиј Втори.

    Одбележувањето на овој значаен 20-годишен јубилеј е убава можност и повод досегашните руско-македонски пријателски односи и соработка не само да продолжат по веќе планиранниот пат туку и да се издигнат на уште повисоко политичко и државно ниво, што ќе претставува значаен импулс за нивното натамошно и уште поуспешно унапредување и проширување. 

     (Авторот е поранешен дипломатски претставник на македонија во Руската Федерација)

     
      
    Автор: Драган Јањатов   
    (Нова Македонија) 
    27 јануари 2014
     
    Rating: 0.0/0
    Views: 243 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024