Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 5:08 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Ванковска: Досега ме прашуваа „зошто се плашите да се активирате“, сега се чини ќе биде „знаевме ние дека таа сака власт“

    Ванковска: Досега ме прашуваа „зошто се плашите да се активирате", сега се чини ќе биде „знаевме ние дека таа сака власт"

    Најавата за можна независна кандидатура на професорката Билјана Ванковска вчера предизвика големо внимание во јавноста. Бурата продолжува и денеска. Од разговорот со неа може да се заклучи дека на овие избори можеби ќе имаме и една независна кандидатура. Нејзината цел ќе бидат неопределените гласачи.

    Од каде па сега Билјана Ванковска независен кандидат за претседател на државата?

    - А зошто да не? Ако можеа како кандидати (па и претседател) да се појават други колеги-професори, тогаш зошто би имало друг однос кон мојот чекор? Демократијата значи и активно, ама и пасивно избирачко право. Иако оваа кандидатура во најава создаде бура каква што не очекував, таа е барем конзистентна со сето она што го правам на јавен план 20-тина години - нема одење на сигурно, со партиска машинерија што би ја одработила работата, туку е зафаќање по потешкиот пат на независен кандидат, кого во старт го третираат како аутсајдер. Досега ме прашуваа „зошто се плашите и не се активирате", а сега се чини ќе следува обратен бран на прашања и коментари „знаевме ние дека таа сака власт". Типична реакција во нашето општество.

    Лесно е од позиција на професор или од дома преку социјални мрежи и колумни човек да ги коментира актуелните ситуации во државата. Конечно се решивте на активизам?

    - Да беше лесно отворено, критички и дрско да се критикува низ колумни, изјави за медиуми и анализи, тогаш вие новинарите ќе имавте голем избор на соговорници, нели? Само тој што се зафатил на ваква донкихотска работа знае колку е тоа лесно или тешко. Се разбира, таа дејност е сосема поинаква од практичниот ангажман во политиката - нешто во што јас не сум се обидела.

    Од самиот почеток на македонската политичка плурална сцена се отвори таа потреба за освојување на политичкиот центар, за едно поинакво справување со општествените проблеми. Зошто тоа не успева во Македонија?

    - Јас мислам дека политичкиот центар е „пренаселен", згуснат и измешан, па веќе не се ни знае што е лево, а што десно. Мојата позиција е непартиска, затоа што не застапувам ничија опција, но се разбира јас имам идеолошко-политички поглед кон светот и тој е лево, а не во центарот. За жал, јас вистинска левица во Македонија не гледам, освен неколку помалку граѓански здруженија и иницијативи што не се артикулирале во левичарска партија.

    И сега, 2.000 лајка собравте, а што е со 10.000-те потписи за независната кандидатура?

    -Собирањето „лајкови" на некои им се виде смешен потег, но станува збор за сериозно средство за опипување на пулсот на јавноста. Се разбира дека „резултатите" треба да се земат со голема доза резерва, но јас бев искрено изненадена од ерупцијата, која не беше само во вид на „лајкови", туку и јавувања, нудење помош од најразличен волонтерски вид, поддршка од луѓе од сите заедници. Собирањето 10.000 потписи (реална поддршка) е, се разбира, another cup of tea, што би рекле Англичаните, или „друга приказна" по наше. Свесна сум за сите бирократски препреки, можноста од пасивизација на поддржувачите, опструкции од партизираната администрација и дисциплинирањето од страна на мега-играчите. Но што имам да изгубам? Нема да бидам погодена од неуспех - всушност, мојата појава може да ги поттикне партиите да изберат одлични кандидати, да не се пазарат, може да внесе свежина и ентузијазам кај неопределените (кои се мојата целна група). Собирањето 10.000 потписи наликува на невозможна мисија, но зошто да не се проба? Пробаа и други, па ништо не им недостига и натаму да си бидат професионални, професори и сл.

    А.Д.

       (МКД)

        28 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 206 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024