Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 5:17 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Македонија и Русија ќе го зајакнуваат партнерството

    Македонија и Русија ќе го зајакнуваат партнерството

    Македонија и Русија две децении одржуваат одлични пријателски односи што се засноваат на рамноправност и на заемно почитување и во иднина ќе продолжат уште повеќе да ги зајакнат врските во сите сфери, порачаа вчера министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, и амбасадорот на Русија во Македонија, Олег Шчербак, на свечениот прием по повод 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Руската Федерација


    Министерот Попоски, амбасадорот Шчербак и претседателот Иванов на свечениот прием

    ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ

    Рускиот амбасадор оцени дека 20 години се многу краток, но значаен период во повеќевековната историја на двата народа и посочи оти Русија е една од првите земји што ја признаа Македонија под уставното име. Тој рече оти Русија е задоволна од успешниот развој на соработката во сите сфери. 

    - Оваа соработка се темели врз принципите на рамноправност, заемно почитување, доверба и на темелните норми на меѓународното право, односно на немешање во внатрешните работи, суверенитет и територијален интегритет - рече амбасадорот на приемот на кој присуствуваа и претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, како и други високи претставници од политичкиот, економскиот и од општествениот живот.

    Шчербак истакна оти Русија е подготвена уште повеќе да го развива партнерство за доброто на двете земји и за зацврстување на мирот и на стабилноста во регионот.

    - Сигурен сум дека нашите односи ги очекува прекрасна иднина - рече тој.

    Шефот на македонската дипломатија, Попоски, пак, нагласи оти 31 јануари 1994 година е врежан датум во историјата на односите на две земји.

    - На овој ден пред 20 години Руската Федерација истапи со безрезервна поддршка и ја призна Македонија под уставното име - рече Попоски.

    Тој наведе оти Македонија и Русија потпишаа повеќе од 30 договори од различни области, потсети на деновите на македонска и на руска култура што се одржуваат во двете земји и нагласи оти лани е потпишана спогодба за отворање културноинформативни центри. Попоски оцени дека двете земји за 20 години значително ја зголемиле економската активност и нагласи дека во иднина треба уште повеќе да ја засилат соработката во стратегиските сфери, како економијата и туризмот.

    - Треба да продолжиме да ја користиме економската дипломатија за привлекување руски инвестиции и за поголема промоција на македонските производители на рускиот пазар - рече Попоски и им се заблагодари на сите што секојдневно работат на промовирање на македонско-руските односи.

    И весникот „Нова Македонија" учествува во промовирањето на односите меѓу двете земји со издавање на месечниот прилог „Руска реч", во соработка со московскиот весник „Росијскаја газета".
     

     
      
    Автор: Игор Даниловиќ / igor.d@novamakedonija.com.mk  Фотографија: Игор Бансколиев

    (Нова Македонија)
    28 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 194 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024