Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 5:01 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ПУНКТАЦИИ ПАТОТ ШТО СЕ ТРАСИРАШЕ ОД ЕЛЦИН ДО ПУТИН

    ПУНКТАЦИИ

    ПАТОТ ШТО СЕ ТРАСИРАШЕ ОД ЕЛЦИН ДО ПУТИНРепублика Македонија и Руската Федерација деновиве одбележуваат 20 години од воспоставувањето дипломатски односи, настан што практично значеше ставање печат на политиката на Москва кон Македонија, која во тоа време се бореше за својот гол живот како независна држава. Тоа беше време кога беше негирана однадвор, особено од членките на Европската заедница (фамозната Лисабонска декларација), кога ~ се стави блокада на членството во Обединетите нации под нејзиното историско и уставно име и период кога Грција воведува трговско ембарго спрема Македонија веднаш по воспоставувањето дипломатски односи со Русите (февруари 1994). 


    Двете земји целосни дипломатски односи на највисоко ниво остварија на 31 јануари 1994 година, но на тој настан му претходеа важни историски одлуки. А, како по некое непишано правило важните одлуки не се носат по очекуваниот пат, а така беше и со признавањето на Македонија од страна на Русија. Учесниците во тие настани велат дека клучната одлука за признавањето тогашниот претседател Борис Елцин не ја донел во Kремљ, туку во Бугарија, односно на разговорите со тогашниот претседател на Бугарија, Жељу Желев, во вилата Бојана. Во рамките на нивните разговори Желев, велат македонски дипломати запознати со процесот, го отворил и прашањето со Македонија и важноста од нејзиното признавање. Елцин ја разбрал пораката и побарал министерот за надворешни работи Андреј Kозирев да го подготви указот, но имало еден технички проблем - го немам кај себе печатот, рекол Kозирев. Наредбата од Елцин била - оди во авионот и земи го. Потоа е потпишан указот за признавањето, ставен е печатот, а со тој лист хартија Kозирев под итно доаѓа во Скопје. Денот е 4 август 1992 година. Денот е историски! Русија беше првата голема светска сила која ја призна Македонија под нејзиното уставно име.

    Во првите 15 години откако двете земји воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади, Моsква и Скопје потпишаа повеќе од 40 билателарни договори меѓу кои и важната Декларација за пријателство и соработка од 1998 година. Таа билатерална рамка е основа за плодна соработка која е потврдена, но посебен поттик на односите даде посетата на министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, на земјава во 2011 година. Средбата со неговиот домаќин, Антонио Милошоски се одржа во Охрид кога беше истакнато дека во односите меѓу двете земји нема ниту едно отворено прашање. Всушност, ако нешто се спомнуваше како прашање што треба да се затвори, беше расчистувањето на клириншкиот долг, кој беше заборавен „мираз" од советско време. Но, на интерес и на двете страни и тоа прашање се затвори. Лавров тогаш рече дека Русија може да ~ гарантира на Македонија изградба на крак од планираниот „Јужен тек" и притоа истакна дека „нема политички пречки за Македонија да биде вклучена во проектот". Ставени се и потписи на тој проект, кој ќе биде исклучителна инјекција за енергетското тело на Македонија.

    Позитивниот тренд во односите продолжи и во 2013 година, кога беа потпишани неколку договори, а како позначајни се издвојуваат тие за отворање културно-информативни центри и за признавање на државните дипломи. Економската соработка се зголемува, но не е на висина на реалните можности и потреби на двата пазара. Она што треба особено да се одбележи е што рускиот пазар покажа глад за македонските производи како што се праските, виното и ајварот.

    Москва и Скопје имаат многу добра соработка и на мултилатерален план, особено во рамките на ОН и во ОБСЕ, посебно за прашања од витален интерес за меѓународниот мир и развојот, глобалниот тероризам, хуманитарните прашања. Имаше и некои дипломатски потези од македонска страна кои налагаат подлабока анализа, како што на пример беше позиционирањето на Македонија во однос на грузиско-рускиот конфликт. Прашањето е дали и за такви чувствителни прашања Македонија во иднина ќе ја користи формулата „одлуката ќе ја донесеме по консултациите со нашите партнери во ЕУ", или одлуката ќе ја донесеме согласно нашите процени и националните интереси.

    И покрај одличните односи со Русија изминативе 20 години покажаа дека Македонија не го користеше доволно рускиот потенцијал и оти предност се даваше на културната дипломатија. Руско-македонските културни врски се потврдени, но во иднина ќе биде потребно да се направат посмели и попрагматични политички чекори и да се разгледа можноста за соработката на полето на одбраната како и согледување на можностите за соработка на полето на наменската индустрија.

    И, секако, да го затвориме кругот - прашањето за името. Можеби токму 2014 година е годината кога би го чуле мислењето на Путин, Лавров и на Чуркин за примената на Хашката пресуда во спорот Македонија против Грција. Во најмала рака, ќе бидат потребни дипломатски консултации зад затворени врати.

    Христо ИВАНОВСКИ

    (Дневник)

    28 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 210 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024