Вредни народни носии се украдени завчера од бутикот „Алеза", лоциран на улица Мурат Бафтијари во Тетово. Kрадци го ограбиле дуќанот, кој е сопственост на 37-годишниот тетовец А.Ш..
Арамиите насилно ја отвориле влезната алуминиумска врата и од објектот зеле 25 народни носии кафтани и 10 димии, а потоа го напуштиле местото, незабележани од никого. Вкупната материјална штета во оваа кражба се проценува на околу 300.000 денари. (З.А.)