Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 4:40 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ПОЧЕТОЦИ НА ОРГАНИЗИРАН ТУРИЗАМ ВО БИТОЛА ПРВАТА ГРУПА БИТОЛСКИ ТУРИСТИ ВО 1914 ГОДИНА ПАТУВАЛЕ ДО ВАЛЕВО ПРЕКУ СОЛУН

    ПОЧЕТОЦИ НА ОРГАНИЗИРАН ТУРИЗАМ ВО БИТОЛА

    ПРВАТА ГРУПА БИТОЛСКИ ТУРИСТИ ВО 1914 ГОДИНА ПАТУВАЛЕ ДО ВАЛЕВО ПРЕКУ СОЛУН

    Годинава се навршува еден век од првата организирана туристичка тура на битолчани надвор од Македонија, открива професорот и познат битолски публицист, Александар Стерјовски, добитник на општинската награда за животно дело „4 Ноември". Неговата нова книга „Kалеидоскоп", која наскоро треба да излезе во печат, содржи интересни моменти од минатото, меѓу кои и податоци дека туристичките почетоци во Битола биле во далечната 1914 година. Истражувајќи, во Историскиот архив во Битола пронашол документи и написи од стари весници за организираното патување на 120 битолчани до Валево и од Белград. 

    Професорот Стерјовски раскажува дека дел од битолчаните во турата отишле да ги посетат синовите што биле регрутирани во српската војска, откако по балканските војни вардарскиот дел на Македонија потпаднал под власта на Србија. 

    - Формиран бил цел еден полк од млади битолчани и биле однесени во Валево, Србија. Тоа ги растажило нивните родители и други роднини. Основиот мотив за патувањето бил посета на регрутите, а за вториот дел од патниците бил чисто туристички, да ги посетат Валево и Белград - вели Стерјовски. 

    Патувањето било огранизирано на 21 мај 1914 година, датум кој таа година се паднал на христијанскиот празник Дуовден. Патниците на желенизчката станица ги испратиле голема маса битолчани. И други сакале да патуваат, но не отишле од материјални причини. 

    - Бидејќи немало железница Битола – Скопје, па натаму, минале пат од Битола до Солун, па до Белград. Во Белград останале три дена, а потоа отишле за Валево. Таму на железничката станица ги пречекал градоначалникот на Валево. Имало адвокат Цаса Јанко, кој зборувал од името на битолчани. Се сместиле кај домаќини во градот. Вечерта ги посетиле војниците, останале два дена, а потоа се вратиле назад - вели професорот. 

    Патувањето го организирал првиот градоначалник на Битола со христијанска вероисповед, Петар Лешњаревиќ, кој потекнувал од Горица, Албанија. Бил многу писмен, но по убедување србофил. Целта му била преку патувањето на битолчани да им ја претстави Србија. 

    - Не се знае дали се работело со православен Албанец или Влав, но во Битола подоцна имало семејство Лешњареви кои се декларирале како Власи. Во 1941 година избегал од тука со три деца. Се запознав со син му Ненад, сега веројатно е покоен. Се сретнавме во Белград, имаа стан од 200 квадратни метра покрај црквата „Свети Сава" - раскажува професорот Стерјоски.

    Kуќата во која живеел Лешњаревиќ во Битола се наоѓала во местото викано Трета реонска станица, каде што денес има лекарски ординации.

    Жанета Здравковска

    ПЕЛИСТЕР И ХЕРАКЛЕЈА ПРЕД 70 ГОДИНИ ПРИВЛЕКУВАЛЕ ТУРИСТИ

    Битола имала туристичко здружение „Јужни езера" уште во 1927 година, со прв претседател, познатиот рендгенолог Михајло Попов. Поголем туристички развој доживеала во 1936 година, со пуштањето на пругата кон Скопје. Се организирале ученички екскурзии, доаѓале и странци, особено Французи кои порано учествувале во борбите кај Kајмакчалан. 

    - Во 1939 година бил направен план за градба на куќа на Големото Езеро. Развојот на туризмот на Пелистер го финансирал еден вљубеник во планината, Василија Ставревиќ, кој бил и водич на планина. Странските туристи покажувале интерес и за Хераклеја, каде што ископувањата почнале 1934 година, па тогаш се формирал и музејот - додава Стерјовски.

       (Дневник)

        31 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 307 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024