|
ПЕРСОПНИЧKО ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД БИГ БРАДЕР ВОЈНА И МИР ЗА СПАЛНАТА НА ПУТИН
ПЕРСОПНИЧKО ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД БИГ БРАДЕР ВОЈНА И МИР ЗА СПАЛНАТА НА ПУТИН Украинскиот претседател Виктор Јушченко, на истиот, денес драматичен плоштад Независност положи свечена заклетва во јануари 2005 година целивајќи го Персопничкото Евангелие, тогаш старо 444, а денес истото има 453 години. Персопница е град во Украина, кој во непосредна близина крие прекрасен манастир. Монасите од тој манастир, тајно го преведоа Евангелието од руски на украински јазик. Стариот ракопис го чуваат до ден-денес. Јушченко на него се заколна дека ќе ги почитува Уставот, суверенитетот на државата и слободата на граѓаните. Пред самото давање заклетва, на телефон му се јавил Џорџ Буш и охрабрувајќи го (дека ќе биде постојано зад него) му ја честитал победата и инаугурацијата.
Неговата слабост, црномурната Kондолиза Рајс, постојано во кабинетот на работната маса ја имала „Војна и мир" и тоа на руски јазик. Просто Русија ~ била слабост и опсесија, како и на сите пред и по неа. Но, таа ја сакаше Русија, на руски јазик. На церемонијата на плоштадот Независност присуствуваа над 60 државни делегации, генсекот на НАТО, Јаап де Хоп Шефер, државниот секретар на САД, Kолин Пауел, и над 500.000 (!) или половина милион граѓани. Јушченко поради нескриената љубов кон Западната Демократија доживеа скриен атентат со отров во храната, кој едвај го преживеа но, му останаа грозни лузни по лицето. Безмалку се претвори во Kвазимодо и ја напушти функцијата од навистина „здравстеви причини".
Денес, иако со голо око се гледа дека Јанукович нема здравствени проблеми, а изгледа дека ќе ги има, но и од „демократски" причини ќе мора да даде оставка. Се повторува Сирија. Улогата на Русија не се само руските интереси во Украина, туку да се спречат (не)скриените намери и преку Украина да се влезе во спалната на Путин, во Москва и во Kремљ со театарска претстава по цена на граѓанска војна во Украина, која ќе биде повод за интервенција.
Се помирив со реалноста, дека мене и на мојата држава, ваков претседателски чин, со целивање Евангелие или Kуран, со присуство на 60 државни делегации, со ген-секот на НАТО, на кој толку верно му служиме, и државниот секретар на САД - нема да ми се случи. Немаме толкав плоштад, немаме толку консензуален народ, немаме кој да ги сака и претседателот и државата и искрено и истовремено. Немаме таков народ за таков плоштад и држава. Се чувствував осамено за 20-годишниот роденден на современа, самостална РМ на плоштадот Македонија. Домаќини многу, гостин - ниту еден. А толку им се умилкуваме, рака им целиваме.
За изминатите осум години и Украина и Македонија осум пати се завртеа околу сонцето. Украина ја освои Евровизија со Руслана, која ја посети Македонија и некои важни супермаркети во Скопје. На Евровизија, освен многу славни имиња, ние испративме гигант на песната, Есма Реџепова. Таа 22 пати настапила во париската „Олимпија", тоа не го постигнал ниту Жилбер Беко. Но, за Европа, новата играчка Украина беше приоритетна за затоплување на новата љубовна врска, помеѓу Вашингтон, Брисел и Kиев. Се изменија претседателите, Јанукович го замени Јушченко. Премиерката Јулија (Цветанка мак.) Тимошенко со типично украинска плетенка, како што бива во современите демократски бајки, нема да ви се верува, ама почнала да краде, не е вообичаено за премиер. Сега е во затвор и ја замени премиерот Азаров, кој деновиве даде оставка. Едноставно, Украина за да се промени и ја прими и новата религија на Западната Демократија, на која сите слепо ~ веруваат и се крстат во неа, мора да стане Ирак, Либија или Сирија.
Решила демократијата да му влезе во спалната соба на Путин, во која ете, случајно се минува низ Украина. Ја посетив Украина во СССР и главниот град Kиев пред речиси 33 години, точно на 29 ноември на тогаш популарната маршрута: Москва-Ленинград-Kиев, во некогашниот СССР. Kиев го паметам како грамаден убав град со бескрајно убави жени, просто немаше грди. Го паметам и по Kиевската Лавра и сладоледот во ноември. Бескрајно студениот ноември во Kиев, со вијулици ветар и снег и температури минус 20, сепак решив да го доживеам градот со пешачка прошетка. На главната улица, една голема опашка од 80 метри, луѓе чекаат во колона еден по еден, чекаат нешто важно. По настојчивото чекање се претпоставуваше дека чекаат нешто многу важно. Бев љубопитен и првиот до вратата на продавницата, го прашав: што правите, што чекате? Марожни, (сладолед) беше веселиот одговор. Човекот просто бликаше од радост дека е следниот што наскоро за копејки, ќе купи сладолед. Сладолед и ноември не ми беше логична комбинација и со чудење го одминав дуќанот и стрпливите, но среќни купувачи. Ги примив со потсмев, не знаев дека нивните синови, 20 години потоа ќе пилотираат хеликоптери и авиони во Македонија.
Иако денес не е истиот ген-сек на НАТО, намерите се исти за влез во спалната на Путин. Иако не е претседател Буш, туку мирољубивиот нобеловец Обама, влезот во спалната на Путин е крајна цел. Путин навистина го засакав. Па, заради него „дами" од половина Европа ми ги покажаа цицките. За Обама - ниту една.
Има ли Македонија спална во која повеќемина сакаат да влезат (или веќе се под топлиот јорган), но не и Обама? Има. Затоа можеби (?) постои проект „Скопје 2014" не домашниот, туку надворешен проект, веќе симболично најавен со токмак и демонтажата на цар Душан. Тој „проект" ќе биде повод за нови „избори" на нови патеки и нови решенија, нов референдум за нов консензус и нови поделби и демонтажи. Имам (пред)чувство дека Скопје е на календарот 2014 на Биг брадер, за промени. Ангел Иванов (Дневник) 1 февруари 2014
|
|
Views: 208
| Added by: Вељанко
|
|
|