Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 4:48 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ВРАЌАЊЕ НА ИЗВОРОТ НА ВЕКОВНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ (1дел)

    ВРАЌАЊЕ НА ИЗВОРОТ НА ВЕКОВНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ

    Во Волковија постојано живеат околу 250 жители, а во деновите на викендот бројот речиси и двојно се зголемува. Доаѓаат волковчани кои живеат во Гостивар, Тетово и во Скопје, но куќите ги имаат реновирано, оспособени за живеење, а педесетина имаат изградено викендички

    Киро Кипроски



    Жителите на полошкото село Волковија, иселените волковчани и нивните пријатели и гости со години последната недела на јануари доаѓаат на висорамнината Чука, оддалечена стотина метри од селото, заеднички да го прослават патронот на селото свети Атанасиј Велики на 31 јануари. Според преданијата, од самиот настанок на селото се празнува овој голем ден. Враќањето на изворот на обичаите и традициите, нивно продолжување и негување придонесуваше Волковија да им одолева на сите премрежиња, да опстојува низ бурните, тешки и неизвесни времиња, да го зачува македонскиот идентитет, јазикот, културата, народната носија, фолклорот, песната, орото...

    Волковија се наоѓа на подножјето на планината Сува Гора, речиси на половина пат меѓу полошките градови Гостивар и Тетово. Иако имаше преселби поради палежи, грабежи, притисоци и од егзистенционални проблеми, Волковија опстанала и животот продолжува со нови импулси, а миграцијата е веќе минато. Сите тешкотии и маки, предизвици... волковчани успеваа да ги надминат, како и миграцијата село - град, која беше најизразита во периодот од 1954 до 1970 година, кога се закануваше целосно да го снема ова познато македонско село. Но, дојдоа години на просперитет, жителите почнаа да ги обновуваат куќите, да градат нови и така започна воскреснувањето кое продолжува. 

    Но, волковчани никогаш не ги заборавиле традициите и обичаите. И во најтешките услови успеваа да го празнуваат св. Атанасиј Велики, макар и скромно и на тој ден ги заборават маките и тешкотиите, се препуштаат на задоволства, на песната, на убавините на животот.

    Традицијата продолжува. Минатата недела и ние бевме гости на вековното собирање и празнување на волковчани. Покрај постојните жители на селото, дојдоа голем број иселени волковчани и нивните потомци што живеат во Гостивар, Тетово и во Скопје.


    Rating: 0.0/0
    Views: 235 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024