Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 5:30 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Вељаноски ги распиша претседателските избори за 13 април

    Вељаноски ги распиша претседателските избори за 13 април

    Претседателските избори ќе се одржат на 13 април. Ова денеска го истакна претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски по потпишувањето на Решението за распишување избор на претседател на Република Македонија.
    veee

    Имајќи предвид, посочи Вељаноски, дека на 20 април е големиот христијански празник Воскресение Христово, почитувајќи ги чувствата на сите верници од христијанска вероисповед и водејќи сметка тогаш да не биде ниту првиот, ниту вториот круг, одлучив изборот за претседател на Република Македонија да биде на 13 април 2014 година.

    - Решението за распишување на изборот ќе биде доставено до Државната изборна комисија како орган за спроведување на изборите, како и до министерствата за надворешни работи и за правда, рече Вељаноски.

    Уставната одредба, посочи, предвидува дека изборот за претседател на Република Македонија се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател.

    Изрази задоволство од донесувањето на измените на Изборниот законик, усогласени и од власта и од опозицијата.

    - Влегуваме во изборен процес во кој утврдените правила се прифатени и од едните и од другите, при што очекувам да се почитуваат, да покажеме демократска зрелост и во мирна и демократска атмосфера граѓаните да одлучат како што тие сметаат. Апелирам до сите учесници најодговорно и најсовесно да се раководат исклучиво по уставните и законските одредби, и уште еднаш на најдостоинствен начин да покажеме дека наша заедничка примарна цел е просперитетот на нашата држава, Република Македонија, потенцира Вељаноски.

    Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека како претседател на Собранието може да распише парламентарни избори доколку Собранието како институција донесе одлука за самораспуштање.

    - Одлука за самораспуштање потребно е да изгласаат најмалку 62 пратеници и откако ќе се направи тоа, јас имам уставна обврска да ги распишам предвремените парламентарни избори. Во овој момент јас немам таква информација дека може тоа да се направи, додаде Вељаноски.

       (Денешен Весник)

       1 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 255 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024