Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 5:17 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ПИСМО НА ГРУПА ГРАЃАНИ НА СТРУГА ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Села не успеа да го запали Собранието, а нема да ја смени ни историјата на Струга

    ПИСМО НА ГРУПА ГРАЃАНИ НА СТРУГА ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

    Села не успеа да го запали Собранието, а нема да ја смени ни историјата на Струга

    Струшкиот градоначалник имал две големи желби кои не успеал да ги исполни за време на пратеничкиот мандат, а Дедо мраз ги отфрлил како премногу детски, му порачуваат на својот градоначалник група граѓани.

    Во писмото кое е испратено до редакцијата на порталот МКД.мк, незадоволните граѓани велат дека едната желба на Зијадин Села, поранешниот пратеник била да го запали Собранието на Македонија, а другата на актуелниот градоначалник Села е да ја смени историјата на градот Струга. Тој сметал дека улиците и имињата на училиштата не се историја, традиција, култура и начин на живеење и опстојување, туку дека се дневна политика.

    „Села стана градоначалник на Струга со гласовите на дел од Македонците од муслиманска вероисповед, со кабинет кој е максимално составен од македонски Албанци, без Накедонци муслимани, а во град во кој живеат граѓани од македонски ентитет и тоа во дво третинско мнозинство.

    Села потекнува од селото Ливада, село кое има многу убав македонски топоним и убава местоположба.

    На местото на сегашното училиште во Ливада во минатото постоеше многу убава црква, која беше и вредно архитектонско дело. Денес на местото на срушената црква постои училиште, се разбира со име на некој Албанец.

     Села демократ и светски човек како што се замислува дека е, би требало, да иницира реконструкција и ревитализација на тој споменик на културата и верски објект свети Никола Талалеј, за да докаже на другите, но и себе си, дека треба да почитуваш за и тебе да те почитуваат.

    Ако некој не е задоволен со својата историја, не треба да посегнува по нечија друга, ниту да негира нешто што е дел од историјата и вистината, му се допаѓало тоа или не.

    Историјата на Македонија и Струга почнаЛА многу пред Села. Нему никој не му дал право да ја менува, бриши и да пишува по свој ќејф.

    Села треба да ја врши работата за која го плаќаме и да преземе мерки да ги исправи следните незаконски работи кој ги прави општината под негово раководство:

     Незаконски е преименуван плоштадот на Револуцијата во плоштад Мајка Тереза и тоа во официјалните документи во Советот на општина Струга.

    Прекршен е законот за знаме пред општина Струга, од општина Струга.

    Исто така официјалниот сајт на општина Струга е на јазик неразбирлив за мнозинството граѓани на градот Струга, претпоставуваме на албански јазик.

    Комуналното претпријатие ако одлучи да ги постави знамињата на некој празник, тогаш намерно провокативно секогаш од левата страна најпрво го поставува знамето на Албанија.

    Затоа јавно го повикуваме правобранителот на Струга да преземе законски мерки против овие луѓе кои свесно со намера го кршат законот.

    Во спротивно, ќе побараме и против вас да се преземат законски мерки за неизвршување на работата за што оваа држава, Македонија, ве плаќа", му порачаа групата граѓани на Струга.

     (МКД)

      1 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 218 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024