|
Професорка од Полска три години го проучува Водици во македонските села
Професорка од Полска три години го проучува Водици во македонските селаПрофесорката Јохана Рехас од универзитетот „Адам Мицкијевич" од градот Познањ од Полска три години по ред во текот на големиот верски празник Богојавление-Водици престојуваше во повеќе села од западна Македонија, каде што ги проучуваше обредно-обичајните традиции поврзани со овој верски празник, за што во наредната година ќе издаде монографија, најпрво на полски јазик, а потоа и на македонски јазикТаа во текот на проучувањето на Богојавление престојуваше во селото Битуше во 2012 година, во селата Манастирец и Брест во 2013 година и годинава во друштво со Анета Ѓоргоска-Тасеска, волонтер во Институтот за старословенска култура во Прилеп, во селото Ехлоец, Кичевско.
- Врз основа на моите досегашни истражувања Водици во Ехлоец ја претставуваат хомогеничната обредна линија, која е идеална база за анализи во согласност со теоријата за групната меморија на религиските групи и со концепцијата на меморијалните церемонии на Пол Конертон - вели д-р Рехас, која низ разговори со луѓето и кумовите од селото црпеше дополнителни информации како овој празник се славел и се слави низ годините во единственото мијачко село во Кичевијата.
Проектот „Обредно-обичаен комплекс на празникот Богојавление во Република Македонија" е финансиран од страна на Факултетот за полска и класична филологија УАМ од Познањ. Професорката Рехас досега има објавено две монографии: „Обредно-обичаен комплекс на српската традиционална свадба" и „Раѓање". | | | | Автор: З.А. (Нова Македонија) 4 февруари 2014 |
|
|
|
Views: 640
| Added by: Вељанко
|
|
|