На интернет-страницата на општината Тетово И претходните содржини се од август 2013 година. На страницата на албански јазик, пак, редовно се објавуваат информации, пред сѐ за активностите и за средбите на градоначалничката Теута Арифи. Нашиот весник уште во јуни 2013 година пишуваше дека официјалната веб-страница, која беше редизајнирана по промената на власта, не содржи информации на македонски јазик, а сите содржини се објавуваат само на албански јазик.
Од општината Тетово тогаш соопштија дека новата интернет-страница е во изработка, по што ќе објавуваат информации на македонски јазик. Осум месеци подоцна сепак објавите на македонски јазик се ретки. На прашањето зошто не објавуваат редовно информации на македонски јазик, од општинската администрација не даваат објаснување. Оттаму повторно најавуваат дека наскоро ќе имале нова интернет-страница на која ќе има информирање и на официјалниот државен јазик.
- Во тек е подготовка на нова веб-страница. И таа веб-страница ќе биде пуштена на албански нормално, на македонски и на англиски јазик. Очекуваме веб-страницата да биде готова до крајот на другата недела или почетокот на наредната. Собиравме нови податоци и тие се преведуваат на англиски и на македонски - вели Љуме Хусеини, портпарол на општината Тетово. | |