ПРОФЕСОРКАТА СО ПРЕТСЕДАТЕЛСКА АМБИЦИЈА ВАНКОВСКА ЌЕ СОБИРА 10.000 ПОТПИСИ
ПРОФЕСОРКАТА СО ПРЕТСЕДАТЕЛСКА АМБИЦИЈА
ВАНКОВСКА ЌЕ СОБИРА 10.000 ПОТПИСИ
Денес во просториите на Државната Изборна Комисија (ДИК) независниот кандидат Билјана Ванковска поднесе барање за отпочнување на процедурата за собирање 10,000 потписи за влез во трката за Претседател на Република Македонија.
Својот потпис за поддршка на независниот кандидат за претседател Билјана Ванковска, граѓаните ќе можат да го дадат во период од 15 работни дена поточно, од 16 февруари до 2 март во една од подрачните единици на ДИК.
Адресите на подрачните единици на ДИК можат да се најдат на страната на Комисијата, а за подетално упатување гласачите ќе можат да се консултираат преку Фејсбук профилот, блогот и веб страната на Билјана Ванковска.
Само преку собирање на овие потписи независните кандидати ќе можат да влезат во првиот круг на претседателските избори, во трка со кандидатите номинирани од политичките партии.