Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 3:03 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ЦРКВАТА ВО АРАЧИНОВО ЌЕ СЕ СПАСУВА ОД ПРОПАЃАЊЕ

    ЦРКВАТА ВО АРАЧИНОВО ЌЕ СЕ СПАСУВА ОД ПРОПАЃАЊЕ

    Бранко Ѓорѓевски

    Kрајно лошата состојба во која се наоѓа единствената православна црква во Арачиново „Свети Талалеј" предизвика реакции во јавноста и барања да се спречи нејзиното пропаѓање. Протерувањето на Македонците од оваа село во воениот конфликт во 2001 година ја остави црквата незаштитена, која е цел на вандали и на крадци, со што таа с` повеќе пропаѓа. Некои од поранешните жители, кои и минатата недела се собраа таму за традиционално да го прослават верскиот празник Свети Атанасиј, се беспомошни во желбата да го заштитат светилиштето во чиј двор се погребани и нивните предци. Својата разочараност од состојбата тие ја искажаа и во таа пригода упатувајќи апел да се направи с` за овој храм да не исчезне како што тие присилно биле иселени од селото.

    Ваквата состојба го поттикнала и архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан да побара детален извештај за состојбата во која се наоѓа црквата „Свети Талалеј" со цел да се преземат мерки таа да се заштити од натамошното пропаѓање. Откако ќе се согледа состојбата, ќе се интервенира таму каде што е најпотребно. Ова вчера ни го најавија од кабинетот на поглаварот на МПЦ-ОА како прва реакција на неодамнешното пишување на „Дневник" за овој храм кој тринаесетина години е оставен сам на себе. 

    Состојбата почна да се влошува кога од Арачиново се иселија речиси сите Македонци по што за црквата веќе нема кој да се грижи. Некои од протераните Македонци од ова село во конфликтот во 2001 година минатиот петок се собра во црквата за да го прослават празникот посветен на свети Атанасиј и беа разочарани од состојбата во која се наоѓа ова македонско светилиште.

    - Надлежните свештеници и намесникот треба детаљно да н` информираат за состојбата. Извесно е дека ќе треба да се преземат активности црквата да се заштити и да се зачува како храм. Тоа што таму нема многу македонско население не треба да биде пречка за да тој се уреди и да се одржува. Во тоа треба да се вклучиме сите, како ние така и тамошната општина, локалното население, кое, иако е од друга вера, треба да се грижи и за овој храм - ни изјави отец Бобан Митевски од кабинетот на архиепископот г.г. Стефан. 

    Во моментот во најлоша состојба се црковните гробишта каде што има повеќе искршени спомен-плочи, поранешната крстилница, но и кујната, кои се целосно демолирани и опустошени, трпезаријата, која протекува. Целосно запуштен е и црковниот двор каде што грмушките и непоткастрените дрвја почнале да го загрозуваат објектот на храмот направен во 1994 година и каде што има испокршени стакла. Црквата веќе долго време е цел на крадците и на вандалите, кои досега украле лустери и други предмети, а по секое поправање, ги демолираат влезната капија и црковните порти.

    - Потребно е да се обнови оти ова сега не личи на ништо. Луѓето само повремено доаѓаат и тоа главно едни исти. Другите кренале раце. С` е запустено, а за поправки немаме доволно пари. Состојбата во селото сега веќе не е како што беше претходно, може да се живее. Јас често доаѓам кај моите родители кои останале тука и покрај с`. Но, ова место треба да се уреди - вели Горан Стоилевски, кој сега живее во населбата Хиподром.

    Во општина Арачиново вчера не можеше да се добие изјава од градоначалникот Брахми Ајвази за тоа дали локалната самоуправа ќе се ангажира за заштита и за уредување на овој верски храм.

    - Ние имаме пример во кој црквата „Свети Ѓорѓи" во тетовска Мала Речица функционира како храм и покрај фактот што во таа населба нема Македонци. Познато е дека таа црква беше запалена во воениот конфликт, а потоа е обновена. Сега таму се одбележуваат празници. Желба ни е така да биде и во Арачиново, да се воспостави традиција на празнување одредени празници - велат во МПЦ-ОА.

    ЗЕМЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ КОРИСТИ БЕЗ НИВНА СОГЛАСНОСТ

    Македонците до Арачиново ни рекоа дека ретко и помислуваат на враќање во селото. Некои од нив с` уште имаат големи земјишни парцели.

    - Но, проблем е тоа што нашите поранешни комшии сега ја обработуваат и без наша согласност. За тоа не добиваме никаков надомест. Не се осмелуваме ниту да пријавиме такво нешто. Инаку, оние што сакаат да ни ја купат земјата ни нудат само по едно евро за квадрат. Тоа е мизерна цена што не ја прифаќаме. За куќите се нудат по 14 евра за квадрат, а порано се нудеа и по триесет. И оној што сака да продаде не прифаќа. Има наши што ги продале и по таа цена само затоа што знаеле дека ќе им ги запалат - ни рекоа тие.

       (Дневник)

        4 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 376 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024