Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 2:15 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ВЛАДАТА НАЈАВИ - СОБРАНИЕТО УСВОИ Војниците по 45-тата нема да останат на улица!

    ВЛАДАТА НАЈАВИ - СОБРАНИЕТО УСВОИ


    Војниците по 45-тата нема да останат на улица!

    Тие ќе бидат ангажирани во некое одделение во одбрана или во МВР, во ЦУК, во локалната самоуправа или во суд, односно во државните институции каде што ќе има потреба. Досега професионалните војници беа вработени со договор на дело и по истекувањето тие остануваа без работен ангажман


    Најмалку 4.000 професионални војници по завршувањето на службата во АРМ и на возраст од 45 години ќе добијат постојано вработување до пензија. Тие ќе бидат ангажирани во некое одделение во одбрана или во МВР, во ЦУК, во локалната самоуправа или во суд, односно во државните институции каде што ќе има потреба. Досега професионалните војници беа вработени со договор на дело и по истекувањето тие остануваа без работен ангажман.

    Оваа мерка која неодамна ја најави Владата е официјализирана со Предлог-законот за дополнување на Законот за служба во АРМ, кој вчера по скратена постапка заедно со измените на Законот за стечај доби зелено светло во законодавниот дом.

    За мерката за вработување на професионалните војници по исполнувањето на условот од 45 години старост се расправаше и на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој одлучи таа да важи за сите оние кои биле невработени на 31.12.2013 година. Владејачката партија, според одлуката, се обврзува да најде работа во државната администрација ретроактивно за сите оние кои го исполниле условот за пензионирање како професионални војници, а досега не успеале да се вработат. Со тоа значително се проширува опфатот на претходно утврдената мерка на Владата за згрижување на професионалните војници по исполнувањето на обврската кон армијата.
    - Според предложениот закон, предвидено е шест месеци пред војникот да наполни 45 години министерот за одбрана задолжително да ги преземе сите активности за да може војникот веднаш кога ќе го исполни условот со староста да биде прераспределен во друга служба. Со тоа ќе нема ниту еден ден застој во неговиот работен однос. Министерот задолжително во тековната година ќе подготвува план за преземање, за прераспределување на војниците за следната година. Доколку не го донесе тој план, предвидени се санкции. Тоа значи дека законот нема да зависи од политичките гарнитури кои се на власт, туку ќе остане како трајно право за професионалните војници - изјави вчера генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и заменик-министер за одбрана, Емил Димитриев. Тој им честита на војниците и ги потсети дека во мандатот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ за армијата се случија две покачувања на старосната граница на професионални војници - во 2007 година од 35 на 38, а во 2012 година од 38 на 45. 
    - Сега го решаваме егзистенцијалниот статус на војниците по 45 години со ретроактивно дејство. За првпат армијата се облече во македонска униформа, се покачија платите на вработените, инвестиравме во касарните и полигоните за обука, се отвори Воената академија, која претходно беше затворена, се отвори модерна школа за пилоти и други позитивни работи кои го јакнат имиџот и капацитетот на армијата како синоним за државноста - истакна Димитриев.

    И со новото законско решение за стечајците се подигнува границата од постоечкиот закон од 2004 година на 31 декември 2013 година, кој е новиот рок во кој сите лица кои останале невработени како резултат на приватизација на компании кои биле во државна или во доминантна државна сопственост сега ќе може да бидат материјално обезбедени со добивање на околу 7.100 денари месечен надомест. Граѓаните кои ги исполнуваат условите во законот ќе може да ги поднесуваат барањата во рок од триесетина дена откако ќе се донесе законот. Барањата ќе се поднесуваат до Агенцијата за вработување.

    (Е.А.)

       (Вечер)

        4 февруари 2014


    Rating: 0.0/0
    Views: 276 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024