|
ОД ДИК БАРАМЕ ЗА МЕНЕ ДА ВАЖАТ ИСТИТЕ ПРАВИЛА КОИ ВАЖЕА ЗА КАНДИДАТИТЕ ВО 2009 ГОДИНА, НИШТО ПОВЕЌЕ, НИШТО ПОМАЛКУ...
ОД ДИК БАРАМЕ ЗА МЕНЕ ДА ВАЖАТ ИСТИТЕ ПРАВИЛА КОИ ВАЖЕА ЗА КАНДИДАТИТЕ ВО 2009 ГОДИНА, НИШТО ПОВЕЌЕ, НИШТО ПОМАЛКУ...Генерал Стојанче Ангелов Лидер на Достоинство
Врз основа на Изборниот законик и решението на Претседателот на Собранието за распишување на избори за претседател на РМ, денес до Државната изборна комисија официјално ја поднесовме мојата кандидатура за претседател на Република Македонија. Мојата кандидатура во согласност со Уставот и Изборниот законик, ќе биде подржана со најмалку 10.000 граѓански потписи, како НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ, поддржан од политичката партија Достоинство, членовите и симпатизерите на "Достоинство" како и граѓани кои не се дел од "Достоинство" но ја подржуваат мојата кандидатура. Бидејки потписите се собираат во само 34 подрачни одделенија на ДИК, денес официјално побаравме да ни биде дозволено собирањето на потписи да се организира не само во канцелариите на ДИК туку и во подрачните одделенија и месните канцеларии на Министерството за правда во општините во кои ДИК нема канцеларии, односно на истите места каде што се собираа потписи на последните претседателски избори во 2009 година (повеќе од 80 места). ОД ДИК БАРАМЕ ЗА МЕНЕ ДА ВАЖАТ ИСТИТЕ ПРАВИЛА КОИ ВАЖЕА ЗА КАНДИДАТИТЕ ВО 2009 ГОДИНА. НИШТО ПОВЕЌЕ, НИШТО ПОМАЛКУ... Генерал Ангелов 03.02.2014 година (Мактел) 4 февруари 2014
|
|
Views: 174
| Added by: Вељанко
|
|
|