Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 0:53 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ ОГЛАС ЈА ЗГОЛЕМИ НЕИЗВЕСНОСТА

    ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ ОГЛАС ЈА ЗГОЛЕМИ НЕИЗВЕСНОСТА

    Владо Поповски нема да се јави на огласот, а Јове Кекеновски ќе се пријави за партиската конвенција

    Александра М. Митевска 


    Огласот што го најави ВМРО-ДПМНЕ, наместо да почне да ја расчистува, уште повеќе ја зголеми неизвесноста околу плановите на владејачката партија, на речиси два месеца до претседателските избори. Во изминатиот период се вртеа во јавноста најмалку пет имиња како можни кандидати за претстојните избори, ама и вчера - ден по закажувањето на партиската конвенција за 1 март, ниту еден од споменатите не соопшти јавно дека планира да да се јави на конкурсот. 

    Актуелниот претседател Ѓорге Иванов, кон кого сега се вперени најмногу очите на јавноста, се огласи вчера во некои медиуми со реакција на приказната околу вратоврските што ги набавувал. Но, од неговиот Кабинет не добивме се' уште одговор дали ќе учествува по вторпат на вмровска претседателска конвенција - овој пат со засилени позиции меѓу членството, во споредба со 2009 година кога беше ново лице во ВМРО-ДПМНЕ. 

    Во наредните денови Иванов ќе биде извесно време отсутен од државата, бидејќи реши да присуствува на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи, а потоа да ја потсети и Москва. Извори од партијата коментираат дека отсуството во екот на предизборието не мора да биде хендикеп за Иванов. Сепак, велат нашите соговорници, станува збор за присуство на значаен настан и за посета на една од најмоќните земји, иако таа не е најавена досега како официјална и билатерална. 

    Процените во високи кругови на владејачката партија се дека минатиот стаж во претседателската резиденција значи предност за Иванов во однос на неговите евентуални противкандидати во внатрепартиската битка. И тоа не само поради воспоставените релации со вмровското членство, туку и поради начинот на кој раководството на ВМРО-ДПМНЕ ја практикува власта во изминатите осум години - без поголеми кадровски потреси и без позначајни проветрувања, дури и во пониските ешалони. Според тоа, во случај врвот на ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од досегашниот претседател, тоа би значело признавање дека пред пет години е направен кадровски превид, особено ако се има предвид дека ставовите и дејствата на Иванов цело време се поклопуваа, па дури и беа преклопени од политиките на Владата. 

    Според други неофицијални информации од владејачката партија, не треба се' уште да се исклучи како варијанта факторот „изненадување во последен момент". Во таков случај, ВМРО-ДПМНЕ би влегла со друго име во претседателската трка: со тврдо партиско решение, како што е Зоран Ставрески или со личност од универзитетските и експертските кругови (Срѓан Керим, Владо Поповски, Сашко Кедев...)

    Иванов, Ставрески, Керим, Поповски, Кедев се имињата кои, како што објавивме, биле тестирани во последните анкети пред распишувањето на изборите. Прашање е кој од нив би се пронашол, а кого го исклучува во формулацијата „членови на ВМРО-ДПМНЕ или поддржувачи на политиките на партијата, кои се наоѓаат себеси во ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за државните и националните прашања?" 

    Во текот на вчерашниот ден, единствено од професорот Поповски добивме одговор дека нема сам да се пријави за претседателски кандидат.

    „Нема да се јавам на огласот. Дали од некого сум предложен треба да ги прашате нив. Со никого не сум разговарал на таа тема и се движам се' уште во моето научно поле", рече Поповски. 

    Професорот Јове Кекеновски, кој од поодамна најави сам номинација на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ни изјави вчера дека ќе се пријави на конкурсот. Тој вели дека веќе подолго време е во кампања, преку настапи во медиумите и активности во комитети на ВМРО-ДПМНЕ. 

    Од воведувањето на непосредните избори за шеф на државата, ВМРО-ДПМНЕ практикува конвенции на кои има редовно повеќе од една номинација. Исклучок е 2004 година кога изборите беа вонредни, а тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Кедев. 

    Љубиша Георгиевски во 1994 година имал повеќе противкандидати, меѓу кои и Димитар Димитров. Борис Трајковски, во 1999 година, имаше внатрепартиски натпревар со Никола Кљусев, а во 2009 година Тодор Петров од СМК се најде во улога на конкурент на Иванов.

       (Утрински Весник)

        6 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 272 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024