Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 0:50 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    СДСМ СО ЧЕТВОРИЦА КАНДИДАТИ, ИМИЊАТА СÈ УШТЕ ТАЈНА

    СДСМ СО ЧЕТВОРИЦА КАНДИДАТИ, ИМИЊАТА СÈ УШТЕ ТАЈНА

    Лепа Ѓоргиевска

    Социјалдемократскиот сојуз го сведе на минимум списокот со кандидати за шеф на државата за изборите во април. Внатрепартиската процедура го исфилтрира списокот на СДСМ и дојде до четворица кандидати, од кои засега, како што велат од партијата, сите имаат еднакви шанси да ја добијат довербата на раководството. Еден од кандидатите, според наши информации, најверојатно е жена - долгогодишен член на СДСМ. Извршниот одбор на „Бихаќска" пред три дена утврди дека наскоро треба да бидат повикани членовите на Централниот одбор на СДСМ за да се формира штаб за претстојните избори. Kако што дознаваме, за шеф на штабот најверојатно ќе биде назначен пратеникот Оливер Спасовски, кој важи за близок соработник на Зоран Заев. Тој истовремено е и генерален секретар на партијата кој дојде на местото на Андреј Петров по смената на Бранко Црвенковски од лидерската позиција. На местото прв човек на штабот во СДСМ раководството секогаш поставува човек близок до функционерите. Игор Ивановски, Горан Минчев, Андреј Петров и Ило Иљоски во изборните процеси наназад ја извршуваа оваа функција. Партискиот портпарол Петре Шилегов потврди дека партијата сериозно работи на претседателските избори, но од централата, како што неофицијално велат, од тактички причини с` уште не го откриваат кандидатот со кој ќе излезат на изборите. 

    - Предвремена негативна кампања од страна на другите партии е всушност она од што стравува СДСМ, коментираат на „Бихаќска". 

    Но, и покрај тоа, меѓу партиските членови с` погласно се коментира дека Стево Пендаровски с` посериозно размислува да ја прифати понудата од раководството да ја истрча изборната трка во април. Од друга страна, пак, според наши извори, тој не е расположен да биде кандидат на СДСМ ако изборите одат во пакет. Дали партијата е подготвена заедно со претседателските да ги одработи и евентуалните предвремени избори, засега во СДСМ, како што брифираат, е прашање што не е сериозно разгледано, ниту, пак, отворено на високите партиски тела. Во СДСМ с` уште владее молк во однос на предвремени избори. Портпаролот на СДСМ ги демантира шпекулациите за неподготвеност. 

    - СДСМ е подготвен за сите избори во кое било време – вели гласноговорникот на партијата.

    Од друга страна, пак, одредени членови на СДСМ забележуваат на постапката за избор на кандидат за шеф на државата во партијата. Нагласуваат дека станува збор за нетранспарентен процес, кој по правило, како што тие појаснуваат, треба да дозволи предлози по општинските организации, но и можност за самокандидирање. Сепак, Централниот одбор ја носи крајната одлука за кандидатот, а не се исклучува можноста и за партиски конгрес за тоа прашање.

    KАЛКУЛИРААТ И МАЛИТЕ ПАРТИИ

    Голем дел и од помалите партии сè уште не одлучиле дали ќе одат со свој кандидат или, пак, ќе поддржат некој од останатите од поголемите партии или евентуално од независните. СДУ најави дека утре претседателството ќе заседава на тема претседателски избори и настапот на партијата на истите, додека следната недела ќе одлучи дали ќе оди со свој кандидат за шеф на државата или ќе му даде поддршка на некој друг.

       (Дневник)

        6 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 349 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024