Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 0:53 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Бандити против природата го узурпираа езерцето кај Побожје, нема кој да реагира

    Бандити против природата го узурпираа езерцето кај Побожје, нема кој да реагира

    На Скопска Црна Гора, помеѓу селата Побожје и Бродец (одвоени се со 5 километри асфалт) се наоѓаше последното парче рај во близина на Скопје – мало езерце, 50х50 метри, на само педесетина метри од асфалтниот пат, а се оди преку мало натабано патче за коли.

    Езерцето сега е узурпирано од БАНДИТИ против природата. На влез на патчето на хауба од стара кола напишале „забранет влез" и хаубата ја изрешетале со куршуми. Самото езерце е природно заградено со со шумичка и ливада, ама бандитиве ставиле порта од трски и на неа напишале „забранет влез". А внатре пуштиле 4-5 шарпланинци и никој не може ни да припари во ова дијамантче на природата. Езерцето е претворено во рибник (малку бетон, малку железо...), а на брегот си направиле еден се уште недовршен ѕидан објект, кој најверојатно треба да стане ресторан. Шумата не е приватна сопственост, а сега е и забранета за луѓето кои сакаат да уживаат во оваа недопрена природа.

    За се ова се обидовме да пријавиме и во Македонски шуми, на нивната отворена линија за пријавување (02 155 22). Се јавивме на некои други нивни броеви, се јавија и ни рекоа дека тие не се надлежни за ова иако во имотниот лист пишува дека тоа е имот на Македонски шуми. Не упатија во Министерството за урбанизам на 023226143, а од тука на телефонскиот број 023226183, кој се исклучува по првото ѕвонење.

    Група граѓани

    (МКД)

    6 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 206 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024