Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 0:56 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА Рилкоски: Сè уште неизвесно каде ќе гласаат избирачите од Пустец

    ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

    Рилкоски: Сè уште неизвесно каде ќе гласаат избирачите од Пустец

    Во тек е прочистување на Избирачкиот список. Ќе биде ставен на јавен увид и од него ќе произлезе дали граѓаните ќе имаат свои забелешки. Откако ќе ги добиеме нивните барања и ќе одлучиме по нив дури тогаш ќе знаеме како дефинитивно ќе биде прочистен Избирачкиот список, изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија Никола Рилкоски.

    Во извесна смисла со активностите што се преземаат во однос на Избирачкиот список, Рилкоски вели дека е повратена довербата кај граѓаните. Ова мислење го дели и членот на ДИК, Бедредин Ибраими.

    „ДИК работи на тоа довербата кај граѓаните да се врати. Се организиравме чекајќи го датумот за изборите, активностите се веќе отпочнати. Што се однесува до избирачите од Пустец дали ќе се јават да гласаат на територијата на Република Македонија и ќе го искористат своето право како условно речено дијаспора, тоа во овој момент не можеме да го кажеме", изјави претседателот на ДИК, одговарајќи на новинарско прашање.

    Во сите 80 општински комисии граѓаните ќе може да се потпишат за независните кандидати за претседател. Сега потписи се собираат во 34 канцеларии.

    „Најмалку ќе имаме во сите 80 општини канцеларии каде што ќе има собирање на потписите. Ќе ја покриеме целата територија на државата и граѓаните ќе имаат повеќе поволности за да се потпишат за своите кандидати", изјави Рилкоски.

    Членовите на ДИК ќе разменуваат искуства во Албанија за одбележувањето со видливо мастило на гласачите, што произлегува од измените и дополнувањата на Изборниот законик, најави потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи. Тој зборуваше за новините што се воведуваат во изборниот процес и во работењето на ДИК по донесувањето на измените и дополнувањата на Изборниот законик.

    Виолета Дума, која зборуваше за членот 8 - а од Изборниот законик, смета дека во него треба да се регулира и заплашувањето на избирачите, како и делот за гласањето на дијаспората.

    И извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов вели дека обидот да се стори изборна нерегуларност треба да биде казнив. „Сметаме дека ова ќе биде крајниот чекор кон превенирање на притисоците и заплашувањето врз граѓаните", изјави тој.

    Како позитивен чекор го споменува враќањето на довербата на граѓаните во Избирачкиот список.

    „Конечно политичките партии добија малку поголема слобода на база на консензус, подетално и потемелно да го испитаат избирачкиот список и аналогно на тоа да постапат и да придонесат кон негово чистење", рече Алексов.

       (МИА, МКД)

       6 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 197 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024