Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 1:50 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ВО „СВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“ ОДНОВО ЌЕ ИМА МОНАСИ

    ВО „СВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ" ОДНОВО ЌЕ ИМА МОНАСИ

    Бранко Ѓорѓевски

    Познатиот манастир „Свети Јоаким Осоговски" наскоро би требало да добие монаси што постојано ќе престојуваат во ова познато светилиште. Доаѓањето на монасите е поврзано со создавање услови за нивното сместување и духовната активност што ќе ја развиваат во овој храм. Новиот кумановско-осоговски митрополит Јосиф вчера ни изјави дека за оваа цел ќе бидат направени некои суштински промени во манастирот. Обновувањето на монаштвото во оваа епархија, инаку, беше едно од неколкуте заложби што тој ги најави откако го презеде управувањето со овој дел на поранешната Полошко-кумановска епархија. 

    - Во наредниот период планирамe да направиме некои суштински промени во манастирот. Најнапред ќе пристапиме кон дислокација на ресторанот од дворот на манастирот во најблиската околина. Сметаме дека новата локација на ресторанот ќе е многу посоодветна - ни изјави владиката Јосиф.

    Тој додаде дека еден дел од конаците, кој сега се користи за престој на гости-поклоници, треба да се преуреди за да се создадат услови за монашки живот. 

    - Тоа би подразбирало изградба на гостоприемница, манастирска трпезарија, библиотека, капела и неколку монашки ќелии. Во внатрешноста на самата манастирска црква многу е реновирано во изминатите години и планираме да продолжиме со тоа темпо - потенцира митрополит Јосиф.

    Манастирот „Свети Јоаким Осоговски" се наоѓа на околу 3 км североисточно од Kрива Паланка, во прегратките на дабовата шума на Осоговските Планини, посветен е на пустиножителот и чудотворец св. Јоаким Осоговски. Основан е уште во 12 век, познат и по името Сарандапор.

    Ослободувањето од угостителски објекти во кругот на манастирите е дел од напорите што ги прави МПЦ-ОА за да се создадат услови за развој на монаштвото. Инаку, во оваа епархија досега немаше монаси бидејќи не постоеја соодветни услови за нивниот престој. Сега со поделбата на досегашната Полошко-кумановска епархија на две - на Тетовско-гостиварска и на Kумановско-осоговска - и со доаѓањето на двајца млади владици се прават големи напори да почне и тој процес. И обајцата владици како свои први задачи го навестија возобновувањето на монаштвото.

    Kумановскиот владика најавува дека ќе се залага и за обновување на други манастири,

    - За почеток, нашето внимание е насочено кон манастирот во Старо Нагоричино и во Бељаковце. Ги разгледуваме условите што ги нудат и правиме планови за нивно подобрување за да можат да си ја остварат својата намена. Во текот на оваа година ќе има и конкретни активности, но во овој момент не можам да кажам какви, зашто с` уште нашите активности се на ниво на анализи - вели младиот владика.

    НОВ КИВОТ ВО РЕЗБА ЗА СВЕТИТЕЛОТ

    Владиката Јосиф најавува дека нов лик ќе добие и гробот на овој познат светител пред кој доаѓаат многубројни верници да му се помолат за разни потреби.

    - Првин планираме да се изработи кивот во резба околу самиот гроб на свети Јоаким Осоговски. Kивотот ќе биде изработен во истиот стил како и иконостасот - додава тој.

       (Дневник)

        6 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 215 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024