Игрите за отворени ги прогласи претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.
Церемонијата се одржа пред околу 40 илјади гледачи во присуство на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, бројни претставници на меѓународни организации и високи делегации од странство.
На ЗОИ во Сочи до 23 февруари во повеќе дисциплини ќе се натпреваруваат околу три илјади спортисти од 88 национални олимписки комитети што е за шест повеќе од претходните Игри во Ванкувер во 2010 година. На годинашните ЗОИ ќе бидат поделени 98 комплети медали.
Македонија е претставена со тројца спортисти Дарко Дамјановски, Антонио Ристевски и Марија Колароска. Знамето на Македонија ќе го носи нордиецот Дамјановски за кого ова е трето учество на Олимписките игри, додека за алпскиот скијач Ритевски ова е втор настап. Шеснаесет годишната Колароска ќе дебитира на ЗОИ во нордиските дисциплини.
Организаторот на игрите вложи огромни средства за изградба на спортските објекти, но и за инфраструктура. Според проценките ова се најскапите олимписки игри во кои се вложени околу 50 милијарди долари.
Особено внимание е посветено на безбедноста со цел спортистите, тренерите и публиката да се чувствува безбедно.