ИВАНОВ НЕ ОТПАТУВА ЗА СОЧИ, ДЕНЕСКА ЗАМИНУВА ЗА МОСКВА
Посетата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов на Сочи вчера е откажана поради сериозен дефект на државниот авион при стартувањето на моторите. Од кабинетот на претседателот потврдија дека Иванов изутрината требало да полета за Сочи, но дека тоа не се случило поради дефект на авионот.
Kако што претходно беше најавено, претседателот на Република Македонија, Иванов, требаше да присуствува на отворањето на 22. Зимски олимписки игри, кои се одржуваат во рускиот град Сочи, од каде што требаше да замине во посета на Москва.
Од кабинетот на претседателот информираат дека Иванов, сепак, со редовна линија ќе замине на предвидената посета на Москва.
(Дневник)
7 февруари 2014