Претставници на ИВЗ избркале дуќанџии од Ибни Пајко
Група граѓани што се претставиле дека се од Исламската верска заедница вчера попладне ги избркале вработените и гостите во три дуќани во зградата Ибни Пајко во центарот на Скопје, соопшти МВР
Станува збор за ресторанот „Пирин", за фризерница и за продавница за очна оптика. Според полициските информации, тие ги смениле бравите на два дуќана, а во ресторанот, откако сопственикот не сакал да излезе, се обиделе насилно да го исфрлат. Постојано покажувале имотни листови дека дуќаните се нивни. Биле повикани на разговор во полицијата, а СВР Скопје во консултации со јавното обвинителство испитува дали има основа да им поднесе кривични пријави за самовластие.
(Нова Македонија)
8 февруари 2014