Патријархот Кирил вети дека е подготвен да помогне во решавањето на канонскиот статус на МПЦ-ОА
Подготвен сум да вложам напори за решавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА. Изнаоѓањето патишта за канонизација на МПЦ е многу важно во овој момент. Канонскиот статус на вашата црква е од голема важност затоа што ќе го обезбеди македонскиот идентитет, јазик и култура.
Ова на денешната средба во Москва на претседателот на Републима Македонија Ѓорге Иванов му го вети рускиот патријарх г.г Кирил.
Патријархот на Руската православна црква г.г. Кирил позитивно ги оценил 20-те години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, потенцирајќи дека главен извор на нашата заедничка историја се браќата просветители Кирил и Методиј. Рускиот патријарх спомена дека ќе подарат книжевен фонд на манастирот Трескаевц.
„Ние сме политичари со мандат, но црковните прашања немаат мандат. Тие се решаваат во долги периоди, рече Иванов и додаде дека треба да создаваат амбиент да дојде до комуникации меѓу црквите и да поттикнат дијалогот за да се дојде до решение.
Иванов истакна дека рускиот патријарх, како и сите други христијани изразува загриженост за состојбите со христијанството и христијанските вредности особено за она што се случува таму каде што се малцинство, јави МИА.
(МКД)
9 февруари 2014