Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 1:42 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    За Рускиот Патријарх, МПЦ е единствена црква на Македонците

    За Рускиот Патријарх, МПЦ е единствена црква на Македонците

    Врзувањето на македонскиоит идентите со МПЦ-ОА, е јасна порака која е вистинската црква на Македонскиот народ во Македонија.
    patrijarh-Kiril-610x400

    Изјавата на рускиот Патријарх, г.г Кирил има историско и суштинско значење, особено што тој директно го поврза идентитетот на македонскиот народ и јазик со Македонската православна црква.  Посочувањето дека канонскиот статус на МПЦ-ОА е од голема важност затоа што ќе го обезбеди македонскиот идентитет, јазик и култура, значи дека за Руската Православна црква единствена црква на Македонците е МПЦ. Со тоа паѓаат во вода сите обиди на Српската Црква и на српските владици, пред Православните цркви во светот да ја претстават јовановата ПОА како единствена канонска црква во Македонија.

    Вториот суштински момент од неговата изјава се заложбите за решавање на статусот на МПЦ-ОА. Тоа освен што е уште една потврда дека јовановата ПОА, што СПЦ ја формираше, не е решение на црковниот проблем во Македонија, е и јасна порака до црковен Белград, дека дијалогот со МПЦ мора да продолжи.

    Претстедателката на комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска вели дека оваа изјава доаѓа во вистински момент и треба да се искористи.

    -Изјавата треба да ја сфатиме на она политичко-црковно ниво, дека сите други православни цркви, по оваа изјава, би требало да имаат одредено омекнување во ставовите кон влезот на МПЦ и се разбира некаков порелаксиран однос. Околку делот на идентитетот на Македонија, сека како државна, но и како црквовна власт, би требало да преземеме од наша страна некои чекори, кои ќе помогнат кон изјавата на г. Кирил, вели Валентина Божиновска, претстедателка на комисијата за односи со верските заедници.

    Дека ставовите на Руската црква не се само декларативни, покажува и фактот, што рускиот Патријарх позитивно одговорил на барањето на епископот Хераклејски Климент за донација на црковна литаратура од Руската црква за опожарениот манастир во Трескавец. Писмото со кое г. Климент го известил Рускиот Патријарх за пожарот во Трескавец било испратено пред извесно време.

    -Одговорот го добивме вчера, по посетата на Претсетдателот Иванов на Рускиот Патријарх. И тоа за нас и за братството, но и за верниците е добар сигнал и радост, затоа што го изразува потегот на солидарност, вели г. Климент

    Сепак, црковни извори потенцираат дека оптимизмот што го влева Руската Црква не треба да значи дека до решение на сопрот може да се дојде наскоро. Особено значајно ќе биде каков став ќе заземат православните цркви околу прашањето за автокефалноста на состанокот што Вселенскиот патријарх Вартоломеј го закажа за 9 март, на кој една од главните точки ќе биде и начинот за признавање на автокефалијата.

    М.Н.

       (Денешен Весник)

        10 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 207 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024