Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:07 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Туто и Муто

    Туто и Муто

    Во мојава верзија на приказната за Вики и марионетките, дејството, спонтаноста нам ни се случија уште во 2001 година. Нашите Туто и Муто ги имавме веќе инсталирано. Не буквално ние. Ни ги инсталираа „партнерите". Ние само молкум се согласивме

    Викторија Нуланд, Клич и Јатц од минатата недела се општо добро на планетава. Вики ни раскажа како американската империја води политика, нѐ потсети дека САД се производител на спонтани револуции и востанија. Креатори се и на политички елити. Овој поучен телефонски разговор во неколку реченици ни објасни како се случи украинската револуционерна спонтаност што однесе животи, која ја опустоши државата и ја доведе на работ на бездната. 

    Опозициските печурки Кличко и Арсениј да ти биле импланти, бројлери, печурки одгледани во подрум. Како такви, тие имаат улога. Едниот да формира влада по ќефот на Вашингтон, а вториот да го бодри народот да се мава по улици. 

    Случајов е доста поучен. Збогатена со ова сознание, јас ги гледам нашите Клич и Јатц во корелација со ненадејните, секогаш спонтани настани. Добро, не се боксер и интелектуалец. Не се ни некој да речеш бренд со професионален или дисидентски стаж. Главно поминале понекој брз курс или во седиштето на империјата или овде преку некое од неформалните граѓански здруженија што ги финансира Вашингтон. Затоа и ќе ги викам Туто и Муто. 

    Нели еден од тие туто-муто типови што постојано повикуваат на „устанак" и редовно го караат народот што нема мадиња да се дигне утврди дека тамам сега е времето да ја пресликаме Украина овде. Будала! Заборавил дека ние веќе го одживеавме украинското сценарио во 2001 година. Во мојава верзија на приказната за Вики и марионетките, дејството, спонтаноста нам ни се случија уште во 2001 година. 
    Нашите Туто и Муто ги имавме веќе инсталирано. Не буквално ние. Ни ги инсталираа „партнерите". Ние само молкум се согласивме.

    Видиш ти како сѐ си доаѓа на своето место, сѐ ти станува логично и јасно откако ќе добиеш црно на бело доказ за начинот на кој се „креира" кадровската политика во Вашингтон. Кому сега не му е јасно што мајка бара оној Муто од ДУИ толку често во американската амбасада. Со други очи ги гледате и знамињата наредени околу типов и сите негови турнеи по секакви пригодни посети, а со зададена агенда. Нашиов Клич добива и одработува задачи. И нему некоја Вики уште на времето кога го сликаа како интелектуалец со пушка му има соопштено дека не е за во влада, оти е произведен за друга намена. Да бранува, да организира безредија, да уценува. За да не забега во некој момент, четирипати неделно го водат во центарот за дрндање мозок каде што му  ја втеруваат следната задача. Оној украински Арсо што треба да биде интелектуалец, во нашиов случај од 2001-та, се сведе на компилација на шефот на државата и на првиот опозиционер. Обајцата се еквивалент на Туто-Муто комбинација. Едниот ни го избра Медлин Олбрајт по првиот изборен круг на претседателските избори, а вториот ни го утрапи како победник на 15 септември. Обајцата својски одработија промена на Уставот преку рамковен договор. Оттогаш Македонија е заложник на тутовци и мутовци што четири пати неделно одат на прихранување во „Амбасадата" на империјата. 

    Значи, ич нема место повеќе за прашањето од каде им текнува толку истрајно, и на сопствена штета дури, да водат толку ачик антидржавна политика што мнозинството граѓани ја презираат - до тука бидува! Нема место за крстење и неверување како тоа сто отсто се совпаѓа грчкиот „преговарачки" став со оној на нашиот Туто-Муто политички кампус. Едноставно, и Туто и Муто имаат задачи што треба да ги одработат. Ако кикснат, ќе ги заменат со други најблаго речено. Потрошна стока се. Печурки се. 

    Дури сега има смисла она што ми го рече циничниот американски амбасадор Мајк Ајник во „Холидеј ин" во 2001 година. Да потсетам: „Вашиов претседател, вашава влада ни служат за носење тацни". Толку од партнерството и партнерајот! Тацноносците со кои се работи неделно веќе не можат да скријат што и за кого работат. Дури и да не беше обелоденет овој телефонски разговор, сите го имавме веќе она чувство на гадење кога ќе слушневме од, да речеме, најапсурдното радио Слободна Европа како го кара Ѓорге Иванов што сакал да отпатува на отворањето на Олимпијадата во Сочи, која Западот ја бојкотирал. Ебате таква слобода во слободна Европа! 

    Јасно ни е кој и зошто сака вторпат да го „разбуди" народот така што ќе му вклучи светилка директно во очи за да го заслепи целосно. Оттука доаѓаат сите оние пратенички дискусии што бараат од државата да се однесува како колонија или протекторат, па малку-малку прашуваат дали за некоја посета или зделка со некоја држава надвор од западниот прстен Македонија побарала или добила дозвола од Вашингтон или од Брисел, кој и самиот врие од Туто-Муто политичари. Веќе нема нејаснотии и околу тоа зашто тутомутовците во невладиниот и медиумскиот простор катаден плачат по странска, да не речам американска воена интервенција. Задача им било. Одработуваат. А што друго да прават кутрите! И тие, како и Клич како и неговиот другар по судбина Рамбо, знаат дека се потрошна стока.

    Е, сега да ја ставам јас оваа стендбај-хумореска во сериозен контекст. Нели ќе имаме претседателски избори. Иако малку се зборува за кандидатите, малку и се знае, ако ја ставам ситуацијата во контекст на епизодата со Вики и Украина, мене ми се раѓа една непријатна мисла дека партиите имаат проблем со туто-муто синдромот. Изгледа Американците си имаат свој фаворит што партијата на власт го нејќе оти поради него нема да може да освои убедлива победа, а ќе добие инсталат како Клич, односно пак некој Муто (овој пат малку пософистицирана верзија) што ќе ја блокира работата на извршната власт кога ќе биде оценето дека се коси со интересите на Вашингтон. Не е тајна. 

    Се работи за промена на името. Од друга страна, кандидатот на владејачкиве уште се крчка од истите причини: Иванов, кој не е ни Туто ни Муто, го нејќат овие од туто-муто партиите. По директива. Изгледа затоа Груевски тактизира и сега сондира терен и народно расположение за евентуално во последен миг да му понуди доволно докажан проамерикански ориентиран и контролиран кандидат, ама кој првенствено ќе му биде лојален нему. Што е, благо речено, сизифовска работа, оти нема таков Туто на светот што еднакво ја распоредува лојалноста на двајца господари, особено во услови кога ќе го стиснат. Тие што се обиделе да избегаат од подрумот за втерување памет четири пати неделно, главно веќе не можат да сведочат во живо. 
     
      
    Автор: Mирка Велиновска
    (Нова Македонија)
    14 февруари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 207 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024