Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 10:29 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Идентитетски компас (1дел)

    Идентитетски компас

    Билјана Ванковска (од 5 јануари 2014)
    Кој крај да се фати: Исток или Запад, Север или Југ? Сето тоа се вештачки поими погодни за манипулација и доминација. Она што ги обединува луѓето од различните меридијани е при¬падноста на човечкиот род, припадноста на иста социјална класа на луѓе кои соз¬даваат вредности но немаат еднаков глас во носењето на одлуките кои се однесуваат на квалитетот на нивниот живот.
    Идентитетски компас

    Кој за што, ние за името и европските интеграции! Тема која не само што стив­ну­ва, туку која станува алфа и омега на секоја јавна дебата. На кантар се ставаат вред­ности и посакувани стратегиски цели, се мери која е поважна од другата и ко­ја има поголема/помала цена. Никако да се сфати дека станува збор за две раз­лич­ни категории, дека секоја си има своја тежина и вредност, но дека е невоз­мож­но едното да го трампате за другото. Во почетокот на ноември учествував на јавна три­бина на која по кој знае кој пат се дебатираше оваа тема, а мене (по обичај) ми бе­ше доделена улогата на „бранител на името", односно на тврд националист кој, ете, не поддржува промена на името и идентитетот на македонскиот народ за по­че­ток на преговори или за влез во ЕУ (и НАТО). Интелектуалците многу држат до сво­јот антинационалистички имиџ - едноставно, тоа е она што некого дефинира ка­ко „вистински интелектуалец". Ако се осмелиш да ги искритикуваш Брисел или Ва­шингтон, тогаш нема спас од етикетата на поддржувач на власта и на „анти­к­ви­за­цијата", но и на некој кој заговара свртување на Исток. Ако се слуша по­вни­ма­тел­но, лесно може да се забележи колку е застарен јавниот дискурс.

    Можеби за­ра­ди отсуството на демократски традиции и на дисидентство (дури и во еле­мен­тарна форма), доминира вокабулар својствен за некои минати времиња и кој нео­до­ливо потсетува на Студената војна. За најголемиот број учесници на јавната сце­на нема дилема каде е и што претставува „Западот", а што „Истокот".

    За да се до­д­ворат кон оние кои ги молиме за влез (дури и по цена на самонегирање и нацио­нален мазохизам) се промовира говор на дистинкција карактеристична на „доб­рите и лошите момчиња" од старите вестерн филмови. Во свеста на овие лу­ѓе, Западот е симбол на благосостојба, демократија која не може и не смее да се до­веде во прашање, на правичност и алтруизам. Од друга страна, Истокот асо­ци­ра на назадност, нецивилизираност, деспотизам и непочитување на човековите пра­ва. Со други зборови, Истокот и Западот се категории кои се взаемно исклу­чи­ви. При тоа, кога се настојува да се најде местото под сонцето за Македонија, двој­ба не само што нема, туку и се истакнува една теза која е многу пробле­ма­тич­на од идентитетски аспект. Можеби, попроблематична и од фамозниот спор со име­то... Имено, добар дел од моите соговорници на јавна сцена тврдат дека Ма­ке­до­нија нема друга алтернатива освен НАТО и ЕУ затоа што „отсекогаш сме биле дел на западната цивилизација", па затоа и сега таму „природно" припаѓаме. Како да го изгубиле или заборавиле идентитетскиот компас!? Ова се рефрени кои беа ти­пични и за земјите на Средна Европа, Балтикот, но и сите балкански земји, во си­туација кога сакаат да се дистанцираат од своето „источно" минато (поврзано со со­цијализмот), и да укажат на старите историски корени во полза на западната ори­ентација. Тоа е оној познат синдром на прифаќање на западните стереотипи за Ориентот (за кои пред 40-тина години пишуваше Едвард Саид) како свои. Тоа е ста­вање на вештачка козметика и одрекување од својот културен идентитет во на­деж дека другите ќе ти простат што некогаш си бил дел на Византија, Отоманската Им­перија или на социјалистичкиот свет.  

    Современиот свет, пак, одамна ги надмина вештачките идеолошки разлики, па затоа е бесмислено да се зборува за поделби на Исток и Запад или на Север и Југ. 

    Во земјите на Западот јакнат антикапиталистичките тенденции, никнуваат ен­кла­ви на неразвиен и сиромашен Југ; и обратно, во земјите на светскиот Југ јакне кор­поративизмот и желбата да се биде меѓу водечките капиталистички економии. Ру­сија одамна не е Исток, а тоа богами уште помалку се Кина и Јапонија. Низ приз­ма на меѓународниот систем сѐ поголем број теоретичари се сложуваат дека настанува нов мултиполарен поредок. Капитализмот е несомнен победник (барем за догледно време) бидејќи социјализмот, и воопшто левата идеја се оцрнети до сте­пен на неможност од морална и политичка рехабилитација. Нашите вљубеници во Западот се подготвени да ја бутнат главата в песок и да се однесуваат како ној, са­мо да не признаат дека оваа победа на западот е пирова, носи до сеопшта ми­ли­та­ризација, деградација на човековата средина и уништување на идејата за со­ци­јална правда. Веројатно слично се однесуваат и другите поклоници на неговото ви­сочество Капиталот, без оглед дали е митот прикажан како супранационална зо­на на мир или како силна национална држава.


    Rating: 0.0/0
    Views: 180 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024