Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 10:30 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Идентитетски компас (2дел)

    Идентитетски компас


    Иако ќе ме обвинат за носталгија (кон бившиот систем или бившата татковина), но кога ги слушам мудреците кои проповедаат за назадниот Ориент (иа­ко одат во истите џамии да се помолат и се восхитуваат на културните спо­ме­ни­ци, уживаат во традиционалната музика и јадења) наспроти развиениот Ок­ци­дент, ми навираат стиховите на стара револуционерна песна која е превод од рус­ки. Во нашата (всушност, српска) верзија таа гласеше „Се буди Истокот и Западот, се буди Северот и Југот". (Оригиналот на руски гласи „Смело, товарищи, в ногу"). Таа е повик до сите пролетери на светот, и претставува(ше) израз на идејата (и на­дежта за) интернационализам на тогашната лева идеологија (која, сепак, за­вр­ши во национални држави, односно во еден блок наспроти друг). Во неа се говори за братскиот сојуз и слободата (од експлоатација), ослободување од ланците на роп­ството и сиромаштијата. Еден стих вели „сето она на што се потпираат тро­но­ви­те е создадено од рацете на работниците". Денес, иако со други зборови, но со слич­на идеја се и движењата како „99%", „Окупирај го Вол стрит", итн. Југосло­вен­ска­та верзија на оваа песна е повеќе со антифашистички тон и беше прилагодена за потребите на народноослободителната војна - времето кога сојузници станаа Ис­то­кот и Западот во битката против заедничкото зло, фашизмот.

    Македонското општество навидум се „заколнало" дека ќе оди на Запад - со ав­ион (за кој се тврди дека има голем резервоар за да издржи долг и неизвесен лет), со автомобил (за кој се поставува прашање дали има два волана и кој од два­та премиера, македонскиот и албанскиот, врти кон Исток, а кој кон Запад), или со воз (за кој постојано нѐ плашат дека ќе замине и ќе не остави како последна на­пуш­тена и заборавена станица).

    Малкумина се осмелуваат да кажат дека каде и да тргнала Македонија ќе остане тука каде што се наоѓа, во физичка/географска ама и културна смисла. Можеби најсубверзивната идеја која може да се каже е онаа за тоа дека идејата за вештачка поделба на човештвото на Исток и Запад, Се­вер и Југ, е бариерата која нѐ спречува да ја видиме целата глобална слика на мно­зинството фатено во заложништво на малцинството (богати и моќни). Моќните сфа­тија дека се сојузници, каде и да се наоѓаат на планетата, особено ако се со­о­че­ни со револуционерни и радикални барања одоздола. (Да потсетам зборот „ра­ди­кално" нема врска со екстремизам и тероризам, туку со коренито менување на опш­тествениот систем). Она што ги обединува луѓето од различните меридијани е при­падноста на човечкиот род, припадноста на иста социјална класа на луѓе кои соз­даваат вредности но немаат еднаков глас во носењето на одлуките кои се од­не­суваат на квалитетот на нивниот живот. Низ историјата тие создале свои кул­ту­ри, но кога културите се претвораат во оружје на делба вината за тоа не треба да се бара во нив, туку во оние кои раскажуваат приказни и втемелуваат стереотипи за „иманентно" лоши или добри цивилизации. Начинот на живот, начинот на вред­ну­ва­ње на нештата во човечкиот живот, ставање на пиедестал на индивидуата (и гло­рификацијата на егоизмот како движечка сила) наспроти колективитетот (об­ви­нет за назадност и традиционализам, наместо да е прикажан како извор на иде­ја­та за заедништво, емпатија и солидарност) - тоа е најдобриот начин луѓето да се гле­даат како подобри во однос на другите и да се градат јазови кои ги делат. Што се однесува до Македонија и земјите на Балканот, ним им останува да се осло­бо­дат од наметнатиот баласт и срам од „балканизмот" како нешто лошо. Напротив, тие можат да понудат многу во контекст на идејата за мултикултурализам и то­ле­ран­ција, на алка која ги поврзува Западот и Истокот, регион во кој културите пра­ват така убав амалгам како ретко каде на светот.    

       (Руска реч на македонски)

        16 февруари 2014


    Rating: 0.0/0
    Views: 199 | Added by: Вељанко
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0
    професорката Ванковска, секако, си раскажува за работите, што и си признава, во голема мера од својот сопствен поглед на светот...

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024