Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 10:47 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ЧИЈА Е ПУШКАТА ВО САРКОФАГОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ?

    ЧИЈА Е ПУШКАТА ВО САРКОФАГОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ?

    Дилема е дали пушката што на 10 октомври 1946 година била ставена во камениот саркофаг со моштите на Гоце Делчев е токму неговата, како што тогаш било претставено пред јавноста. Ваков сомнеж искажува дел од македонските историчари врзано за наводите во тогашните извештаи дека во саркофагот со останките на Делчев била оставена и „неговата пушка". Тој детаљ е содржан во извештаите од погребната церемонија по повод враќањето на моштите на апостолот на македонското револуционерно движење од Бугарија во Македонија. Во весникот „Нова Македонија", кој утредента по церемонијата во скопската црква „Свети Спас" објави голем извештај за достоинственото простување од Делчев, е наведено дека оружјето му припаѓало токму нему.


    - Дури воената музика интонираше свечен марш, саркофаг во длаборез со земните останки и пушката на Гоце, носени од Лазар Kолишевски, претседател на Народната влада на Македонија, Благој Фотев, претседател на Президиумот на Народното собрание, Вицко Kрстуловиќ, министер на трудот на Сојузната влада на ФНРЈ, и Kирил Петрушев, министер на трудот на Владата на НР Македонија, беше поставен на камениот саркофаг. Воената единица на Југословенската армија со пушчен плотун му оддаде последна почит на народниот син, бесмртниот Гоце Делчев - се опишува во новинскиот извештај.

    Артефакт што не се спомнал никаде

    Сомнежите на историчарите потекнуваат од тоа што за вреден артефакт каков што е личната пушка на Гоце Делчев досега немало никакви сознанија. Инаку, „Дневник" деновиве пишуваше дека и по седум децении не се знае кој е автор на камениот саркофаг.

    - Kако историчар, лично, не верувам дека пушката е токму таа на Делчев, туку е некое оружје од илинденскиот период, кое го користеле нашите револуционери. Значи, ставањето на оружјето било повеќе симболично отколку што навистина било негово. Во документите за пренесувањето на моштите од Софија во Скопје што јас ги гледав таа пушка никаде не се спомнува. Исто така, не се спомнува ниту во други историски документи врзани за убиството на Гоце во село Баница на 4 мај 1903 година. Сигурен сум дека турската војска што тогаш го убила не му го оставила оружјето на народот, кој потоа го погребал телото. Ова значи дека наводот од новинскиот извештај, сепак, не би можеле да го прифатиме како дефинитивно точен и оти оружјето е тоа со кое Делчев војувал - посочува Михајло Миневски, познат македонски историчар, кој посебно го истражува овој период на македонската историја.


    Тој додава дека за секој случај треба да се водат сите преостанати документи, записници и слично, кои биле составени тогаш при преземањето на останките во Софија од страна на македонската делегација. Таков навод не е содржан во новинските извештаи од тој период кога на 7 октомври 1946 година нашите претставници предводени од министерот Kирил Петрушев ги презеле останките на свеченоста што беше одржана во Народниот театар во Софија. 

    - Можеби некои од учесниците во тие настани оставиле записи од кои би можело да се дознае нешто повеќе. Сметам дека ако постоела личната пушка на Гоце, многу подобро би било таа да е сочувана и изложена во музејската поставка што му е посветена - објаснува Миновски.

    Не се знае типот

    Енигма е и за каков тип оружје се работи. Миновски претпоставува дека најверојатно се работи за пушката од типот „манлихерка", каква што најчесто користеле македонските комити. Таквите пушки биле мошне квалитетни и, според Миновски, систематски се внесувале во Македонија и за што посебно се грижел Делчев. Освен овој тип оружје, кој се произведувал во Австро-Унгарија, комитите имале и пушки „мартинки", по потекло од Британија, и „берданки", од руско производство.

    Постоењето на пушката се спомнува во сведоштвата на учесниците во борбата со турската војска во Баница. Познато е дека таа траела 30 часа и оти покрај Гоце загинале уште 11 други комити.

    „Се движиме низ полјаната и на околу 35-40 чекори пред нас одеднаш излегоа Турците со пушките вперени во нас. Гоце кога ги виде, ја грабна својата и викна: Верата ви мрсна! Прв почна да пука. Сите легнавме на земја само тој стоеше право и ја полнеше пушката. Му викнав да легне. Но, додека легнуваше еден куршум му помина низ левата страна од градите. Падна врз пушката. Прво мислев дека само легнал, но кога проба да се подигне гледајќи накај другарите, кои веќе бегаа кон куќите, успеа само да ги изусти последните зборови: Ах момци, рани...", напишал во своите сеќавања неговиот соборец Михаил Чаков.

    Чаков три години подоцна ќе откопа само дел од посмртните останки на Гоце од Баница од каде што потоа се пренесени прво во Kсанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков, во посебно ковчеже. На крајот, тоа се најде во Македонскиот дом во Софија, од што каде ги презедоа наши претставници. Но, во ниту една пригода досега не се спомнувало оти таму се наоѓала и пушката на Делчев.

    Бранко Ѓорѓевски

       (Дневник)

        16 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 257 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024