Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 10:59 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    (ФОТОГАЛЕРИЈА) ОД ВЕТЕРНИЦИТЕ КАЈ БОГДАНЦИ, СТРУЈА ЗА ГРАД ОД 60.000 ЖИТЕЛИ (2дел)

    (ФОТОГАЛЕРИЈА) ОД ВЕТЕРНИЦИТЕ КАЈ БОГДАНЦИ, СТРУЈА ЗА ГРАД ОД 60.000 ЖИТЕЛИ

    Место за уште шест ветерници

    Иако на ридот над Богданци речиси и да немаше ветер, на некои од ветерниците елисите се вртеа. Ни кажаа дека тие сега вртат во лер. А кога ќе бидат пуштени во функција, перките ќе имаат 13 до 19 вртежи во минута, а дневното производство на струја ќе зависи од брзината на ветерот, која на висина од 80 метри е сосема различна од таа на подножјето на ветерниците. Односно, ако долу има сосема мал ветер, на таа висина, тој е со 15 километри на час. Максималната инсталирана моќност ќе може да се искористи во случаи кога има ветер што на таа висина ќе дува со брзина од 44 километри на час. Во суштина, ќе има денови кога времето ќе биде мирно и кога нема да има производство на струја, но затоа во други периоди ќе произведуваат повеќе, за годишно да се добиваат предвидените вкупно 100 гигават-часови електрична енергија. 

    Самите ветерници се проектирани да имаат рок на траење од 20 години. Со производителот „Сименс" е постигнат договор во период од 10 години да ги врши одржува. Во принцип, кај вакви капацитети за производство на електрична енергија и не се јавуваат големи дефекти, а секоја од турбините ќе треба да се „ремонтира", што ќе трае само неколку дена. 

    Kога ќе заврши поставувањето и на последната ветерница, екипите на ЕЛЕМ ќе почнат и со асфалтирање на патот што води од една до друга турбина. Тој, иако има широчина на нормален пат, ограден со банкини, с` уште не е асфалтиран. Одговорните велат дека е подготвен да може да издржи товар од 400 тони, бидејќи една ветерница тежи 330 тони. Токму затоа и не е извршено асфалтирање бидејќи од толкава тежина би се оштетил асфалтот. 

    Ветерниот парк Богданци инаку може да прими уште 6 ветерници, кои се планираат да бидат поставени во втората фаза, со што инсталираната моќност на овој нов енергетски капацитет ќе биде 50 мегавати, од кои годишно ќе можат да се добиваат околу 125 гигават-часови зелена енергија од обновливи извори.
    Фото: Слободан Ѓуриќ







       (Дневник)

       16 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 220 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024