Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 10:51 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Плаошник ја помина контролата на УНЕСКО, незадоволство од градбите на брегот

    Плаошник ја помина контролата на УНЕСКО, незадоволство од градбите на брегот

    Комисијата на УНЕСКО е задоволна од она што го виде на археолошкиот локалитет на Плаошник каде што се возобновува Светклиментовиот универзитет и очекувам позитивен извештај, вели директорката на Заводот и музеј од Охрид Тања Паскали Бунташеска, која беше домаќин на странските експерти во декември минатата година

    - Ги гледаа проектите. На Плаошник работата не е завршена. Можеби градбите делуваат како цели грамади затоа што сега на нив има само столбови и плочи, но сето тоа ќе се изѕида и ќе се вклопи во амбиентот. Ниту една од градбите нема да биде повисока од дозволеното, тврди директорката на Заводот и музеј Охрид Тања Паскали-Бунташеска.

    Како што потврди таа, Комисијата на УНЕСКО се уште не доставила официјален извештај за теренската работа во Охрид, но дел од нивните забелешки можеле да се воочат уште за време на нивниот престој во Охрид.

    - Покрај Плаошник, го разгледаа и старото градско јадро на Охрид и беа задоволни со тоа на кој начин ја вршиме конзервацијата на објектите на кои работиме. Беа воодушевени од документацијата која ја имаме за објектите од старото градско јадро.  За  жал беа разочарани од големиот број на колективни станбени згради кои се изградија во Охрид во последниве неколку  години, појаснува Паскали Бунташеска.

    Комисијата на УНЕСКО, според неа, не била во вонредна посета на Охрид, туку неа ја поканила министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа-Милевска, а стручњаците од УНЕСКО претходно биле запознаени со сите активности што се случуваат на Плаошник преку извештајот што им го испратила Управата за заштита на културното наследство напишан на 90 страници.

                                            А.Р. 

    (Нова Македонија)
    17 февруари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 197 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024