Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:32 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ШЕФОТ НА ГРЧКАТА ДИПЛОМАТИЈА „Македонски манифест“: Ѕверства на Грците над Македонците ги надминуваат монструозните дела на фашизмот

    ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ШЕФОТ НА ГРЧКАТА ДИПЛОМАТИЈА

    „Македонски манифест": Ѕверства на Грците над Македонците ги надминуваат монструозните дела на фашизмот

    Евангелос Венизелос, заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Грција во четврток ќе допатува во Македонија, во својство на земја-претседавач со Европскиот совет.

    „Вашата земја е таа која ги присвојува античкото македонско наследство, феникиската, семитската и други источни култури повеќе од 2.000 години за да го изгради митот на Елада како лулка на европската цивилизација, не Македонија. Уште во 19 век познатиот германски балканолог Јакоб Фалмерајер изјави дека Грците немаат ниту култура, ниту идентитет, нивното елинско потекло е само бајка.... Во жилите на населението на денешна Грција не тече ниту една капка елинистичка крв. Но, ние нема да ве прашаме за вашето потекло. Свежи се сведоштвата за геноцидот што го направи вашата земја врз Македонци, а тие ѕверства ги надминуваат монструозните дела на фашизмот. И не случајно денес вашата земја ја има најголемата фашистичка партија во Европа", пишува во писмото на „Македонски манифест" до Венизелос.

    „Немате право вие да и судите на Македонија, кога во вашите музеи, со пари на Европа, држите украдени македонски артефакти. Вие окупиравте 51 процент од македонската етничка територија, ги избришавте македонските топоними кои опстануваа и во времето на Римската, Византиската и на Османлиската империја, а викате по Република Македонија – држете го крадецот!", се вели во писмото.

    Според ова здружение, Македонија веќе пет пати докажува дека во земјата владее демократијата и правен поредок, а Грција е таа која не ги почитува условите за членство во ЕУ уште од 1981 година и ја игнорира пресудата на Меѓународниот суд за правда во Хаг.

    „Македонскиот народ нема да се откаже од својата исконска историја и идентитет. Тоа, едноставно, не можеме да ви го отстапиме. А со злото, политичката хистерија, паранојата и подбуцнувањето на омраза и расизам, добрососедство е невозможно. Од ваша страна, не од наша. Вашите историски синдроми ја загрозуваат иднината на ЕУ. Македонија ќе го продолжи својот пат кој се потпира на меѓународното право и на општоприфатените универзални принципи. И ќе успее. Вашата политика од 19. век ќе заврши на буништето на историјата. Ќе остане само големиот историски срам и за вашата земја, и за ЕУ", пишува во писмото на „Македонски манифест" упатено до Венизелос, пред неговата посета на Македонија.

    За Стефан Влахов Мицов, член на „Македонски манифест", посетата на Венизелос е тест за македонскиот државен врв.

    „Одбраната на името, идентитетот, јазикот не треба да се прави само со зборови. Политичарите треба тоа да го направат со дела. Во рамки на посетата ќе се види дали тие имаат цврст став по ова прашање", истакна Влахов-Мицов.

    Од „Македонски манифест" велат дека почитта која ќе ја добие Венизелос во рамки на посетата треба да биде соодветна на она што тој го дава за Македонија. Не може, рече, Влахов Мицов, тој да настапува со фашистичи и расистички тези, да не негира дека постоиме, а да биде пречекан според протокол. Тој смета дека наместо државниот врв, со Венизелос треба да се сретне некој од советниците на претседателот, или заменик министер, наместо премиерот или министерот за надворешни работи. Членовите на „Македонски манифест" бараат македонските политичари без ракавици и дипломатски речник да му се обратат на Венизелос и да му ја кажат вистината за тоа како се однесува и како треба да се однесува.

       (МКД)

        18 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 222 | Added by: Вељанко
    Total comments: 4
    4 Вељанко  
    0
    И овде ми доаѓа да кажам и ќе кажам, дури и Албанија има Глас на Русија, а ние се уште немаме, чисто како пример. Без оглед на се. Веќе на толку вложување напор за членство во озлогласените организации, кога се има толку волја за такво нешто, треба и да се направи нешто и во тој поглед, и да се има Глас на Русија на македонски јазик, чинам, веќе може, и правно-формално, ако сакате, да се каже така, иако тоа не ми е зборот, значи итно треба да се преземаат такви чекори, на било кој начин, а не само да се чека да ни падне од горе, и слепо да се верува во тие служители на злото, бидејќи, ова воопшто не е веќе таа Европа која што била, за повеќе да не зборувам...

    3 Вељанко  
    0
    [j]Иако е лаички изразено, мислам дека е добро да се каже... И да ве потсетам, зошто сите се восхитуваме на Исланд???... Благо речено, се паѓа во вода, иако знам од каде и толку потекнува, но сепак, “тие“ се кај нас и кај Србите, “тие“, ете... и на наш, не туѓ, своеобразен начин, ние треба да градиме не само соживот, туку и отпор кон нивната провидна кауза и можеби, единствена опција што се влезени во политика, тука мислам на нашата земја. Затоа треба и малку поинаков речник, па тогаш да видиме како стојат работите, и дали има луѓе кои тоа ќе го прават на своевиден и своеобразен начин...
    ЗА КРАЈ СЕ ПРАШУВАМ И СЕБЕ, СЕКАКО, ОД ШТО ТРЕБА ПОВЕЌЕ ДА СЕ ПЛАШИМЕ, пак и пак без да го порекнувам ужаснувачкиот однос на грците кон нас... ОД ШТО... Секако, ваш е главниот збор, а мојот е само ограда... итн...[/j]

    2 Вељанко  
    0
    Како што секако, и затоа и ве ставам, се согласувам не само за ѕверствата на Грците врз Македонците, што и отворено го имам кажувано, туку и за денешното ѕверство, но не од аспект на тие организации и желбата за членување во нив, туку од аспект на живот, и тука лежи тој зајак, ако треба така да се искаже, а не и ваша грешка, што вие тоа не го кажувате од аспект на живот, каде што е премногу тешко, една земја сосед, (да е само таа, нели?), православна, колку што знам и македонскиот народ е православен, односно и нашата земја, иако има и други конфесии, зашто така тука секогаш и било, но конкретно околу идентитетот, да не негира и да не потиснува и најнавредливо да се однесува и постојано најдрско да не спушта на такви нивоа. Мислам, дека делумно тоа е и поради упорствувањето за членство во озглогласените организации, инаку не би можела, можеби, никогаш.... За тоа го почитувам вашето реагирање, бидејќи многу лесно со таквото однесување на Грците кон нас, ајде на почовечки начин речено, може да се стане, свесно или несвесно, предавник на својата земја, и многу други работи, секогаш со ограда од тие организации, и критика за Македонија која нема организиран отпор кон нив, иако јас знам дека има свесни, и многу други нешта, да не кажувам предвреме... и секако, да не одам понатаму, доволно е...

    1 Вељанко  
    0
    Ова го ставам, иако со голема дистанца во однос на желбите на Република Македонија за влегување во ЕУ и НАТО, за почеток. Воопшто не го негирам ужаснувачкиот однос на Република Грција кон Република Македонија, тоа е веќе факт. Но на едно морам да укажам. Вашата желба за ЕУ и НАТО, односно, да речеме, желбата на Република Македонија за членство во тие организации и гледање на иднината таму каде што чувањето на се тоа што го набројавте е само илузија, обична илузија, или како да го наречам тоа, е повеќе од нелогично. И да ви ја кажам отворено вистината, ако навистина сакате да го сочувате тоа за што зборувате, треба секогаш да ја спомнувате и Русија, односно Руската Федерација, која ве нарекува братски народ, од што поубаво нема, за разлика од тие безлични, па и отворено, сатанистички организации, кои му ја земаат душата на своевиден начин, на сите што влегуваат во нив. За пример, една Велика Британија, сакани мои, сака да излезе од ЕУ, колку земји-членки се сведоштво за крахот кој им се случува по влегувањето во тие организации и на што се се принудувани и што се им е одземено, да не речам колабирани. Во земјите на ЕУ и НАТО денес се проповедаат најгрозоморни работи, кои дури и со закон се подржуваат, и тоа секако, не е туку така, а е нешто што е поради нешто, ќе се изразам на свој начин, односно е поради воведување на контрола над целиот свет, НОВ СВЕТСКИ ПОРЕДОК, како што отворено го кажуваат тоа, и нивен, ако така сакате, единствен противник, сега за сега, е РУСИЈА, без која нема вистински опстанок, по мое скромно мислење, особено во оваа фаза, на планетава. Така што, ако навистина сакате да бидете фактор, без разлика на историјата ни, која и не е одвоена баш од руската, има и многу заеднички точки, вие треба да се потрудите да го приближите својот став кон тој светоглед, и да не се држите строго кон гледањето на иднината која ја пропагира нашиот државниот врв. Можеби тоа и ним ќе им помогне да ги сменат ставовите. И најпосле, една најслаба точка, сакале вие или не, е тоа што во нашата земја има Албанци, кои заедно со истите гореспомнати организации се, веќе и воопшто не е тајна, подржувани од нив, со крајна цел, создавање на Голема Албанија. Тоа сигурно добро го знаете. Тие и се влезени и во нашите, условно сега речено, политички структури. Затоа вистински став, и некомичен, и визионерски, ако треба, е малку по малку да се спремате да зборувате со поинаков јазик и со поинаков политички код, за волја на вистината. И како и да е, со успех или не, да не ја заборавате РУСИЈА која единствена и може да ве ослободи, и единствено може да ви помогне, и да ве врати на вистинскиот колосек. Ако нашата држава влезе без, отворено, бидејќи вие важите за наши интелектуалци, Русија да ја спомнувате, или се плашите да ја спомнувате како братска, солидарна и единствен бастион од НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК, особено за земји како нашата, во која отворено овде ќе речам живеат и шиптари кои не се така наивни и кои во својата политичка волја, ако тоа се нарекува волја, си имаат своја кауза, ако тоа не го сфатите еднаш засекогаш, и Венизелос или не, тоа не почнете даго размислувате како да го искажувате во секој ваш манифест од ваков тип, залудна е вашата борба. Еден ден и да го добиете тоа членство, ќе ве чека нешто сосем друго од тоа што го очекувате, што низ многу пример денес, на земји-членки е видливо. И најпосле, не ја порекнувам каузалноста, но веќе ако сте некој отпор, навистина бидете. Пред неколку дена во Унгарија, која е членка на тие злогласни организации, ги фрлија знамињата на ЕУ од парламентот поради законот на владата, секако не донесен по нивна волја, нели? го знаеме тоа, за стекнување сопственост над земјоделското земјиште во Унгарија од страна на странците. И ова само го нафрлам зашто тоа го направи националистичката партија во Унгарија, т.н. Јобиковци, да не одам во детали. И пак да ве потсетам, во нашата земја живеат шиптари, како сакате нарекувајте ги, кои, не заборавајте, водеа војна за територија, иако тоа денес го нарекуваат војна за нивните права во оваа наша земја, кои божем ги немаа доволно, и со помош на истоимените организации, ги добија тие права, и каков стана животот во Македонија оттогаш, а каков беше, за многу кратко време. Понатаму и да не одам. И секако, со тоа, ќе се повторам не го порекнувам ужаснувачкиот однос на Грција кон нас, кои веќе не знам на кој начин може тоа да се оправда, а не и артикулира, но се тоа е залудно, ако е во прилог на зачленување во тие организации, каде се случува тоа што се случува, и искрено, не дај Боже и нам да ни се случи. Господ да чува... За крај, дури и без Русија, што не е и мој став, но ајде, нека оди, треба да си градиме отпор кон тие злогласни организации, а не да им угодуваме. Вие подобро знаете историја. Знаете што ви направија во минатото, го сакате тоа и денес? Нашите херои, на свој начин, ве обврзуваат, ако може така да се каже, кои не верувам, дека би застанале на таа опција за иднината, и покрај сложеноста на оваа балканска историја...

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024