Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 10:54 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Реконструиран е ликот на царот Самуил (1дел)

    Реконструиран е ликот на царот Самуил

    Според професорот Милан Бошкоски од Институтот за национална историја, од цртежите и од минијатурата од т.н. Мадридски ракопис може да се забележи дека Самуил бил натпросечно висок човек, имал руса коса, бело лице и средена брада, носел и црвена капа, што значи дека бил висок благородник

    Самуил на венчавката на својата ќерка Мирослава со Ашот, 997 година. Оддесно налево: ѓакон, архиепископот Филип ги венчава младенците. Зад младенците се Агата, сопругата на Самуил, заедно со Косара и Марија, сопруга на Јован Владислав. Веднаш зад нив се царот Самуил, Гаврил Радомир и Јован Владислав

    ЕКСКЛУЗИВНО - ЦРТЕЖИ И МИНИЈАТУРА ОД 11 И 12 ВЕК

    Сега и точно се знае како изгледале царот Самуил, неговиот син Гаврило Радомир, ќерките Мирослава и Косара, сопругата Агата, но и неговиот внук од брат Јован Владислав и неговата сопруга Марија. 
    Ликовите на членовите на семејството на царот Самуил се идентификувани во минијатурите од т.н. Мадридски ракопис од крајот на 11 и почетокот на 12 век, значи непосредно по неговата смрт, додека уште биле живи директните потомци на македонскиот цар. 

    Според идентификацијата што ја изврши Милан Бошкоски од Институтот за национална историја, неговиот лик на минијатурата и на уште два цртежа се единствените автентични претстави на македонскиот цар. Оттука, вели тој, сѐ што е досега објавено како негов портрет е само слободна уметничка визија за тоа како би можел да изгледа царот Самуил. 

    Минијатурата со венчавката на Мирослава

    - Истражувајќи го времето на царот Самуил имав многу податоци за разни настани што се случувале во негово време, но особено интересни беа записите на Јован Скилица во Мадридскиот ракопис, каде што тој опишува повеќе конкретни историски сцени. На една Гаврило Радомир го спасува во последен миг својот татко по битката на Беласица, носејќи го во Прилеп. Токму една таква сцена е насликана во една од минијатурите во Мадридскиот ракопис, а јас успеав првпат да ги идентификувам личностите - вели Бошковски. 

    Царот Самуил во левата рака држи штит, а во десната копје. Според изворот, стои дека од сигурна смрт го спасил синот, па лесно може да се идентификува дека личноста до него е Гаврило Радомир, кој носи панцир, а третиот човек е најверојатно Јован Владислав, внук на Самуил, син на неговиот брат Арон. Гонителите ги предводи византискиот цар Василиј Втори. 

    За таа минијатура во литературата се знаеше само дека е мотив од битката на Беласица, додава Бошковски.

    Сепак, според професорот, најзначајна е минијатурата на која е прикажана венчавката на Мирослава, најстарата ќерка на Самуил. 

    - Минијатурата прикажува церемонија на венчавка во катедрална црква, на која се присутни најблиските роднини на невестата. Може да се види дека присуствуваат свештеник, три жени и тројца мажи. Над младенците стои зборот „брак", што значи дека станува збор за венчавка во црква. Над мажот во средината стои натпис дека е Самуил и тоа е непобитен писмен доказ. Тоа се минијатури насликани во почетокот на 12 век во ракописи на Јован Скилица од 11 век. Значи, историјата што ја напишал Скилица подоцна била илустрирана со повеќе минијатури од анонимен автор - вели Бошковски. 

    Минијатурата од венчавката е многу битна за да се утврди точно ликот на царот Самуил, затоа што само на неа точно пишува кој е Самуил. Притоа се гледа свештеникот што врши венчална служба, а до него е и архиепископот, кој е претставен со архијерејска облека со крстови. Токму архиепископот ја става венчалната круна, а младенците стојат пред него со наведнати глави. Невестата е Мирослава, ќерка на Самуил, а младоженецот е Ашот, византиски благородник од Солун. До младенците стојат три жени во свечена, виолетова облека, каква што се носела на дворот само во свечени моменти. 

    - Историски е потврдено дека настанот се случил во 997 година, кога Самуил имал околу 50 години и сѐ уште не бил прогласен за цар, а меѓу жените може да се идентификуваат неговата сопруга Агата, облечена во свечена облека, со златен накит и околувратник за свечени пригоди, а под свечената наметка носи црвен фустан - знак дека таа е највозрасна жена во групата. До неа е Косара, втората ќерка, а третата жена е Марија, сопругата на Јован Владислав, внукот на Самуил. До Самуил на минијатурата е Гаврило Радомир, брат на Мирослава, кој има бела капа. Ако внимателно се анализираат неговите црти на лицето, може да се види дека личи на својата мајка Агата - смета Бошкоски. 

    Според професорот, постои уште една минијатура на која може да се идентификува царот Самуил, на која е илустриран настан од 1003 година, кога тој бил поразен кај Скопје од византиската војска. Тука може да се препознае скопската тврдина, Калето.


    Војската на Самуил во битка при опсадата на Солун, кога е убиен Григориј Таронит: две групи Самуилови војници го убиваат владетелот на Солун. Од левата страна е Самуил на бел коњ, до него се син му Гаврило Радомир и Јован Владислав  



    Rating: 0.0/0
    Views: 216 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024