Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:21 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Реконструиран е ликот на царот Самуил (2дел)

    Реконструиран е ликот на царот Самуил

    Крунисувањето на Самуил
     
    Според Бошковски, кој последниве години интензивно ги проучувал сите достапни документи од тоа време, со сигурност може да се потврди дека свеченото крунисување на Самуил за цар, во присуство на папски легати, преспанско-охридскиот патријарх Филип, високото свештенство, царското семејство, македонски благородници, меѓународни претставници од унгарскиот кралски двор и зетскиот кнежевски двор, се извршило во Охрид, во новата соборна црква „Света Софија", пандан на истоимената црква во Константинопол. 

    Свечениот чин е извршен на Велигден 1001 година. Поради фактот дека церемонијата бара крунисувањето да го изврши патријарх, можно е пред свеченото крунисување на Самуил, охридскиот архиепископ Филип, во присуство на папските легати, претходно да бил хиротонисан во патријарх, па потоа тој да го извршил свеченото крунисување на Самуил. 

    - Со признавањето на царската титула на Самуил од папата Силвестер Втори, во 1001 година, практично се формирале три империи: Византиската Империја, Светото Римско Царство и Македонското Царство на Самуил. Веднаш потоа почнуваат жестоките напади на Византија за уништување на Самуиловото Царство. Смртта на Самуил по битката на Беласица е претставена во минијатура на словенскиот превод на илустрираната хроника на Константин Манасиј, попознат како Манасиев летопис од 14 век. 
    Сигнатурата на минијатурата упатува дека Самуил, откако ги видел ослепените војници, веднаш умрел од мака. На преден план е претставена кула на тврдина, а пред неа висок дворјанин, кој ги прима и утешува ослепените војници. Војниците се во сина облека и црвени капи на главата. Од спротивната страна е претставена помала четириаголна кула со пирамида на врвот. Пред неа е претставен Василиј Втори како седи на трон и издава наредба војниците да се ослепат и да се испратат кај Самуил. Меѓу двете кули се гледаат планини, кои го симболизираат просторот од Беласица до Прилеп - објаснува професорот.
    Според историските податоци, пак, Василиј веста за смртта на Самуил ја примил на 24 октомври 1014 година во Мосинипол, кога новиот македонски владетел, царот Гаврил Радомир, веќе го презел управувањето со царството. 

    Царот Самуил бил погребан во својата прва престолнина на островот Ахил - Преспа, крај езерото Мала Преспа, во соборната црква „Свети Ахил". Археолошките истражувања под раководство на професорот на Солунскиот универзитет, Н. Мицопулос, кои почнаа во 1966 година крај јужниот ѕид на црквата „Свети Ахил", открија саркофаг со двоглав орел. 

    - Во саркофагот е откриен скелет на маж на околу 70 години со скршеници на левата рака. Угледниот покојник бил погребан во свечена сребрена облека извезена со двоглав орел. Како што тврди Мицопулос, покојниот старец на градите носел градник-панцир плетен од бакарна жица прекриена со мали метални плочки. Гробот бил покриен со мермерна плоча со крстови и други владетелски симболи. Скелетот на левата рака над лакотот имал скршеница, која е деформирано зарасната. Погребните наоди укажуваат дека покојниот му припаѓал на висок општествен слој, а скршеницата на левата рака наводно е потврда за раната на Самуил добиена во битката на Сперхеј. Сепак, засега единствена потврда на претпоставката дека можеби навистина станува збор за посмртните останки на Самуил е тврдењето на историчарот Михаил Аталијат, кој тврди дека македонскиот цар умрел на островот Преспа - смета професорот од Институтот за национална историја. 

    Скелетот од саркофагот во црквата „Свети Ахил" во Мала Преспа, за кој се верува дека е на царот Самуил 
     

     
      
    Автор: Блаже Миневски 
     
     (Нова Македонија)
     18 февруари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 236 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024