Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:47 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ЈОВАН СТАВРУШЕВ, ШУМАРСKИ ИНЖЕНЕР ОД РАДОВИШ ПЛАЧКОВИЦА СЕ ПОЛНИ СО ТУРИСТИ, АМА И СО НЕКАНЕТИ ГОСТИ

    ЈОВАН СТАВРУШЕВ, ШУМАРСKИ ИНЖЕНЕР ОД РАДОВИШ

    ПЛАЧКОВИЦА СЕ ПОЛНИ СО ТУРИСТИ, АМА И СО НЕКАНЕТИ ГОСТИ
    Пешаци, велосипедисти, мотоциклисти, собирачи на дрва, туристи и гости во единствениот хотел на Плачковица отворен пред половина година ја преплавија овој викенд планината од радовишката страна. Иако по патот долг 20 километри од Радовиш до туристичкиот комплекс, каде што се хотелот „Бел Kамен", Планинарскиот дом и Домот на мотоциклистите, нема населено место, на секој чекор можеа да се видат луѓе. Некои покрај патот ги беа распалиле и скарите и кампуваа на отворено, иако е средина на февруари, но невообичаено топлото време си го прави своето.

    Се наполнија и повеќето од 200-те викендички сместени главно покрај патот, кои обично зиме се ретко посетени, но планинското сонце и температурата од над 15 степени ги намамија сопствениците да дојдат. Велат дека снег оваа зима имало само два-три дена. Дури и горе на Бел Kамен и на Лисец, на 1.500 метри надморска височина и повисоко, снег имало не повеќе од две седмици.

    - Планината е убава и зиме, дури и кога нема снег. А нашата Плачковица живна по отворањето на хотелот. Туризмот полека стигнува и овде. Досега никој радовишанец не изнајмуваше викендичка, а сега некои, особено горе, кај комплексот, почнаа да ги реновираат и да ги подготвуваат за туристи. Тоа е одлично, но кај нас секогаш со доброто мора да оди и нешто лошо. Тоа е пустошењето на шумите од дрвокрадци, кое, за жал, е присутно речиси секаде во Македонија и државата мора да преземе поенергични мерки. Природата не знае самата да се брани, мора да се заштити зашто ќе имаме големи проблеми – истакнува Јован Ставрушев, шумарски инженер од Радовиш, сопственик на викендичка.

    Луѓето од соседните викендички велат дека дрвокрадството траело долго време, а во последно време се интензивирало. Дејствувале организирани групи, кои бесправно исечените дрвја, дабови и борови, ги изнесувале најчесто со запрежни возила, а потоа ги продавале во градот. Повеќето од дрвокрадците дури не оставале дрва за огрев ни за себе зашто тие се грееле на струја. Надлежните органи тврдат дека ги зголемиле контролите.

    - Белки ќе ги видиме ефектите. Дрвокрадците веќе толку многу се охрабрија што пустошат и веднаш до викендичките, па и во нивните дворови. Ете, денеска, дојдов и што да видам. Иако е ограден, од дворот на викендичката ми ги исекле речиси сите дабови дрвја. Сечат и подлабоко во шумата, но и покрај асфалтниот пат, од кој добро се гледа злосторството врз природата. Сакаме туризам и добро е што ги гледаме првите негови знаци, но кој турист ќе дојде ако дозволиме планината да ни остане без шума – вели Благој Дамјански.

    Додека разговаравме, поминуваа автомобили со скопски, штипски, струмички, велешки, кумановски и со други регистарски таблички. Одат кон или се враќаат од хотелот „Бел Kамен", некогашното детско одморалиште, кое 15-ина години не работеше, а пред две години го купи радовишката фирма „Алфаинженеринг". По комплетната реконструкција, одморалиштето прерасна во модерен хотел со 16 апартмани, ресторан, спа-центар, игралишта за фудбал, кошарка, тенис, мини-голф... Во план биле и базен, ски-патека, а до летната сезона се најавува дека ќе бидат изградени и повеќе модерни бунгалови заради зголемување на сместувачкиот капацитет.

    - Хотелот е отворен пред шест месеци. Во почетокот не одеше лесно. Доаѓаа само радовишани зашто никој не знаеше за нас. Сега е полесно. Имаме најмногу гости од Скопје, Штип, Гевгелија, Струмица, редовно доаѓаат и странци што живеат во Македонија. За викенди речиси секогаш сме полни. Да имавме уште 20 соби немаше да ни бидат доволни овој викенд. Во другите денови од неделата е послабо, но имаме гости. Сега се популарни таканаречените тим-билдинзи, што најчесто во работни денови ги практикуваат реномирани фирми. Добро е што почнува да живнува и околината покрај комплексот и што активности најавуваат и сопствениците на викендички. Мора сите да работиме на туристичкиот развој – вели Сашко Атанасов, менаџер на хотелот.

    Со рачни колички низ планината

    Изум на радовишките собирачи на ситни дрва и гранки од планината се малите рачни градежни колички, на кои им додаваат по две мали импровизирани тркала, па количката не треба да се крева, туку само се турка по асфалтниот пат од Радовиш до Плачковица и назад. Ситни дрва и гранки собирачите прибираат главно покрај патот, по кој минуваат по 20-ина километри во двата правца за да ги наполнат количките. Во саботата по патот видовме десетина такви колички.

    - Сиромаштија е, па и јас, како и многу други во Радовиш, мора на овој начин зиме да се греам. Борба за гол живот е, особено ако си невработен. Имаме ученици, а јас и студент. Ние не правиме штета. Само го собираме и го кастриме отпадокот. Штета прават други, кои сечат дрвја и ризикуваат да ги фати шумската полиција – вели Тураби Демиров, некогаш познат музичар.

    Љупчо Шатевски
       (Дневник)    18 декември 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 240 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024