Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:10 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Фото: Пештерите на Матка (1дел)

    Фото: Пештерите на Матка

    Врело, најпознатата од десетината пештери во кањонот Матка, која беше номинирана во изборот за едно од седумте светски чуда, досега е истражувана неколку пати. Според теоријата на научниците се претпоставува дека „Врело" е длабока 330 метри, односно дека е најдлабока подводна пештера во светот.
    matka

    Тесниот кањон на долниот тек на реката Треска, сместен 15 километри северозападно од Скопје опфаќа 5.000 хектари од прекрасното езеро Матка, стрмни планински падини, возбудливи пештери и живописни средновековни манастири. Благодарение на својата исклучително добра положба во близина на Скопје, кањонот Матка го привлекува локалното население, но и туристите од целиот свет. Тука се наоѓаат и десет пештери, од кои најкратката е долга 20 метри, а најдолгата е долга 193 метри и ја сметаат за најдолга пештера во Европа. Кањонот Матка го одликуваат и две стрмни карпи кои се високи околу 35 метри и се вистински предизвик за алпинистите.

    Ендемски видови растенија и животни

    Матка е седиште на бројни и разновидни билки и животни, меѓу кои некои се и единствени во регионот на Балканот. Во кањонот има 1000 растителни видови, од кои 20 се локални, како и разни видови пеперутки кои не можат да се најдат на друго место во Европа. Исто така, тука живеат и два вида на пајаци и пет вида шкорпии кои се уште не се видени на други места. Сепак, најпознат животински вид во Матка се пеперутките. Според мислењето на експертите, тука се наоѓаат 119 дневни и 140 ноќни видови, од кои многу се ендемски. Во кањонот живеат и лешинари, како и белоглавиот орел, кои се заштитени со закон за да се зачуваат од истребување.

    Возејќи се со бротче низ кањонот можетеда уживате во величенственото опкружување, во мирисот на билките и црцорењето на бројните птици кои овде живеат.

    Пештерска убавина

    Од десетина пештери во спелеолошкиот парк „Јовица Гроздановски", Врело е единствената пештера која во моментов функционира како туристичка атракција. Нејзината непосредна близина до езерото Матка ја прави најпогодна за туристичко искористување. Двете пештерски езера и  неколкуте убави и големи пештерски галерии, ја прават Врело интересна за посетителите. Вистинската убавина може да се долови однатре, кадешто се сретнуваат прекрасни пештерски украси. На средината на пештерата се наоѓа огромен сталагмит во вид на шишарка. Во моментов до Врело може да се стигне единствено со чамец, тргнувајќи од пред платото на црквата Св. Андреа.

    Дотаму има шест километри. Пештерата Врелосе наоѓа 50 метри над езерото. Таа е целосно туристички уредена со патеки кои се наменети за движење на посетителите.

    Пештерата е поделена на три сали, познати како: концертна сала, сала на сталактити и сала на езерата.Салата на сталактитите и концертната сала ги дели импозантниот сталагмит од два метри во облик на шишарка. Во салата на езерата се наоѓаат две езера со смарагдно зелена боја над кои висат бројни сталактити.

    Најдлабока пештера

    Од 2012 година Врело важи за петта најдлабока пештера во светот, прва на Балканот и втора во Европа. Се верува дека е многу подлабока од 212 метри, бидејќи на таа длабочина воопшто не се гледал крајот. Имено, меѓународен тим нуркачи и спелеолози го истражуваат подводниот терен веќе неколку години.Врело почнува со хоризонтален дел од 450 метри и завршува во собата позната под името „зона на самракот".

    Од тука пештерата се спушта во утробата на планината. На околу 120 метри длабочина тунелот се дели во два правци. Во првиот обид, истражувачите на пештерата стигнале на точка од околу 140 метри, преминувајќи ја така длабочината од 100 метри која претходно ја освоил белгискиот нуркач Марк Вандермулен. Во следните обиди стигнале и до 190 метри длабочина. На таа длабочина се наоѓа платформа од која пештерата продолжува да се спушта. Италијанецот Луиџи Казати, Белгиецот Марк Вандермулен и македонските нуркачи од клубот „Врело", годинава се обидоа да го урнат рекордот од 212 метри во длабочина, поставен од Казати пред две години.

    Во своето прво нуркање во 2010 година, во десниот крак од подводната пештера „Врело", Италијанецот Казати се симна до длабочина од 212 метри и претпоставуваше дека токму оттаму кракот повторно се дели на уште две нови продолженија. Притоа, не забележал дека има крај, што значи дека „Врело" продолжува и понатаму во длабочина. Истата година, Казати, прво нуркаше во левиот крак, кој лани не беше испитан и дојде до неговиот крај, но утврди дека тој продолжува во хоризонтала. Влезот во Врело се наоѓа на околу 1,5 километар од браната Матка. Исто така, постои надземен дел над влезот во пештерата под назив Сува, во кој се наоѓаат сталактити и сталагмити.

    Актуелната длабочина не е дефинирана, но се претпоставува дека е преку 500 метри и со тоа Врело се смета за најдлабока подводна пештера во Европа. Пештерата е номинирана на натпреварот за нови седум светски чуда кадешто стаса до полуфинале.

    Според Италијанецот Касати, сите пештери се различни, имаат сопствена морфологија, но Врело е една прекрасна, бесконечно длабока и величенствена пештера, една од најубавите, ако не и најубава на Балканот.

    Иако во Матка има најмалку десет пештери со различни величини, според мислењето на вљубениците во пештери, токму Врело би можела да стане главна туристичка атракција која една мала земја како Македонија би можела да ја понуди.


    Rating: 0.0/0
    Views: 340 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024