Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:34 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Фото: Пештерите на Матка (2дел)

    Пештера Убава

    Покрај Врело, меѓу пештерите во Матка, најпознати се пештерите познати како Убава и Крштална.

    Според спелеолозите, пештерата Убава е вистинска убавица затоа што изобилува со најразлични видови на спелеолошки украси.

    Се наоѓа на 100 метри над пештерата Врело и до неа се стигнува по 30-минутно пешачење по планинарска патека. Пештерата е делумно туристички уредена со тоа што во неа добивате поголемо авантуристичко доживување. По влегувањето во пештерата се движите низ ходник се до централната сала, од која лево и десно се одвојуваат белата сала и црвената сала кои своите имиња ги добиле по прекрасните чисти нијанси, со кои се природно обоени украсите во нив.Имено, двете галерии во пештерата изобилуваат со огромен број на пештерски украси. Особено импресивна е глетката на „шумата" од сталагмити. Таваницата на пештерата е вистински дожд од сталактити, а посебно воодушевуваат столбовите близнаци кои се високи околу 6 метри и се со бела кристална боја. По ѕидовите на пештерата се среќаваат и неколку драперии и лепези.

    Под светлата на батериите , во црвената сала се доживуваат импресивни глетки од вистинскиот дожд од сталактити .

    Во белата сала пак, можат да се видат Близнаците со кристално бела боја. Во оваа сала може да се видат и безброј каскади исполнети со вода.

    Пештера Крштална

    Во склоп на спелеолошкиот Парк „Јовица Гроздановски" се наоѓа и пештерата „Крштална". Таа се наоѓа на 100 метри над езерото и

    е со вертикален отвор. „Крштална" спаѓа меѓу понудите за похрабрите. Имено, за да се влезе во неа потребно е да се

    спуштите во внатрешноста со помош на јаже или пак со помош на  специјални скалички.

    Единствено во оваа пештера можат да се видат специфичните украси-хелактити, кои растат во спротивност од земјината тежа.Всушност, станува збор за сталактити кои се формирале во спротивност од земјината тежа, односно, се јавуваат во искривена и извиткана форма.

    Овој спелеолошки објект е и зимско престојувалиште на колонија лилјаци. Токму поради нив, пештерата Крштална е ставена под посебна заштита. Пештерата завршува со езеро кое е поврзано со надворешното езеро Матка.

    Посетата на овој објект ќе ви обезбеди вистинска и незаборавна авантура.Првото крштевање, односно првото вертикално спуштање по јаже на секој почетник-спелеолог се прави токму во оваа пештера, по што и го добила името Крштална.

    Драгица Христова

       (МИА, Денешен Весник)

       19 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 212 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024