Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 10:47 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Претседателот треба да биде портпарол на граѓаните

    Претседателот треба да биде портпарол на граѓаните

    Фигуративно да се изразам, пенкалото во рацете на претседателот на државата е одличен коректив на евентуална апсолутна власт. Затоа, безрезервно ќе го користам тој инструмент кога ќе проценам дека се загрозуваат интересите на граѓаните

    ЗОРАН Т. ПОПОВСКИ, КАНДИДАТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА

    Професорот на Земјоделскиот факултет Зоран Т. Поповски не е нов во политичките води, но поголема видливост доби деновиве, кога неговата матична партија ГРОМ одлучи да го кандидира за претседател. Тој беше прв од тројцата независни кандидати што мора да соберат 10 илјади потписи и кој објави дека ја постигнал потребната бројка. 

    Каква политика би воделе околу прашањето за името, со кое се поврзани и евроинтеграциите, може ли да придонесете за да се надминат проблемите?
    - Прашањето за името не е прашање само на претседателот на државата, премиерот или на политичките партии. Па дури не е ниту прашање само за денешните генерации. Тоа е прашање на многу генерации, кои придонесувале за она што го имаме денес. Идејата да го менуваме името не дојде од нас, туку ни ја наметнаа и нѐ блокираа на патот кон НАТО и ЕУ. Крајно време е да прекине оваа игра околу името, која вообичаено се зајакнува околу избори. Проблемот не се решава, постојано се покажуваат мускули во јавноста за тоа кој е поголем патриот, а Македонија тапка во место со евроатлантските интеграции. Сепак сметам дека искрен соседски дијалог меѓу професионални дипломати без провокации, со постојано проширување на економската соработка и маргинализирање на историјата, би можело да биде рецепт за успех. Околу изјаснувањето на граѓаните на референдум за промена на името, мојот став е категорично против. Името Македонија не сме го добиле на референдум и немаме право така да се однесуваме со него. 

    Дали надминувањето на недоразбирањата со Грција би ги отворило сите патишта за Македонија, или би ни останале и Бугарија и другите соседи што би можеле да се појават со свои барања и интереси?
    - Во прв план треба да е економската соработка со соседите. Во последните анализи на Светска банка се наведува дека на светско ниво над 60 проценти од трговската размена земјите ја прават со земјите од регионот. Таков е случајот и со Република Македонија. Сите други отворени прашања се работи што полесно би се решавале во услови на економска благосостојба. Се надевам дека многу брзо соседите ќе сфатат дека негирање име, јазик, нација и црква на соседна држава е ќор-сокак за понатамошен соживот и соработка. 

    Кои се најголемите меѓуетнички предизвици во Македонија и како вие можете да придонесете да се надминат?
    - Единствена шанса Македонија да просперира како мултиетничка заедница е да обезбеди етнички баланс помеѓу своите граѓани од различно етничко потекло, јакнејќи ја меѓусебната доверба. За жал, досегашната политичка практика покажува дека меѓуетничките односи во Македонија често се основа за концесионирање на власта меѓу политичките партии од владината коалиција. Фактот што ГРОМ е мултиетничка партија, која за потпретседател има Албанка, и што во највисоките партиски тела се вклучени припадници на другите заедници е доказ дека имаме капацитет за такво балансирање.

    Дали мислите дека можете да бидете доволно силен претседател што ќе влијае врз областите што се во неговите ингеренции, пред сѐ во надворешната политика и во одбраната, и во кадровска, и во организациска, и во политичка смисла?
    - Во практика тоа значи подобрување на стандардот на припадниците на вооружените сили и нивна модернизација, достоинствено претставување на државата пред меѓународната јавност, заштита на државните интереси и решавање на отворените прашања, особено во регионален контекст, одржување стабилен курс на денарот и сугерирање мерки за унапредување на монетарната политика преку гувернерот, кој се назначува од претседателот итн. Но и надвор од овие уставни надлежности претседателот треба да ги штити индивидуалните права на граѓаните, да бара независност на судството, да инсистира на целосна либерализација на медиумскиот простор, па дури и да влијае преку својот кабинет на политиките за развој на другите области (образование, култура, здравство, спорт, земјоделство, екологија, социјална политика и др.). Во тие области претседателот би требало да биде своевиден портпарол на граѓаните. 

    Премногу ретко претседателите во Македонија го користеле правото на вето на законите. Дали овој инструмент, иако е полупротоколарен, може да ја засили институцијата претседател и да придонесе за поголем баланс на политичката моќ во земјата?
    - Апсолутно да. Фигуративно да се изразам, пенкалото во рацете на претседателот на државата е одличен коректив на евентуална апсолутна власт. Затоа, безрезервно ќе го користам тој инструмент кога ќе проценам дека се загрозуваат интересите на граѓаните. Тоа ќе биде мој придонес во оневозможување на развојот на Република Македонија како авторитарна држава. Иако станува збор за, како што велите, полупротоколарен чин, тоа може да одекне во јавноста и да биде основа за преиспитување или за отстапување од некои политики за кои ќе се процени дека се штетни. Тоа ќе ви го илустрирам и преку пример. Имено, ако проценам дека зад некој судски процес се крие политика и човекот заврши во затвор како политички затвореник, веднаш би потпишал аболиција, па макар претседател на Владата да биде претседателот на мојата партија, г. Стевче Јакимовски. 
     

     
      
    Автор: Фросина Димеска / frosina.c@novamakedonija.com.mk
    (Нова Македонија)
    20 февруари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 208 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024